Connect with us

Банки

Величковски од Народната банка: Создадовме основа за воведување на новата генерација технологии во нашиот платен систем

Објавено

на

Хармонизирањето на националното со европското законодавство во областа на платните системи беше најважната цел од Стратегијата за развој на платните системи, од што произлезе носењето на Законот за платежни услуги и платни системи. Законот почна да се применува од почетокот на оваа година, додека Народната банка донесе 26 подзаконски акти за негова примена. Регулативата ќе придонесе за поттикнување на конкуренцијата и иновациите и зголемување на заштитата на потрошувачите. „Севкупно, создадовме правна рамка за новата генерација технологии којашто ќе ги поддржи иновациите и ќе ги направи плаќањата поедноставни, посигурни и поевтини“, истакнува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски, во интервју за меѓународната е-публикација „Вести на централните банки во платежната сфера“.

Величковски вели дека новата законска регулатива би ги трансформирала платните системи, пред сѐ преку поттикнување на конкуренцијата и внесување нови даватели на платежни услуги. Имено, ако порано само банките можеа да даваат платежни услуги и само одредени институции можеа да даваат услуги за прекуграничен трансфер на пари, тоа сега се менува. Директорот на Дирекцијата за платни системи нагласува дека низ годините, а особено по пандемијата, има висок раст на употребата на платежните картички во трговијата, како и на употребата на мобилните апликации за пренос на парични средства. Овие трендови во иднина ќе се поддржат и ќе се поттикнат со воведувањето на отвореното банкарство кај нас, коешто ќе донесе повеќе придобивки за корисниците на платежните услуги.

Преку транспонирањето на европските директиви од областа на платежните услуги, во националната законодавна рамка се зголемува и заштитата на потрошувачите. Величковски посочува дека се обезбедува поголема и подобра информираност на потрошувачите за платежните услуги, како и дека секој давател на платежни услуги треба да потпише стандардизиран рамковен договор со корисниците и на редовна основа да ги известува за надоместоците. Платежната сметка со основни функции е повисоко ниво на заштита на правата на потрошувачите, кај која се пропишува разумна висина на надоместокот којшто може да се наплаќа за работењето со оваа сметка. Дополнителна новина од аспект на информирањето на јавноста е можноста на едно место, на веб-страницата на Народната банка, да ги споредат надоместоците за единаесет најрепрезентативни платежни услуги од сите даватели, со што ќе се осигури и поголема конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги.

Во интервјуто, директорот на Дирекцијата за платни системи зборува и за трендовите во областа на платежната сфера од аспект на активностите коишто ги преземаат регулаторите во земјата за развој на финтек-секторот и поголема финансиска вклученост на населението, меѓународната соработка, технологијата на дистрибуирани записи (блокчејн) и воведувањето дигитална валута издадена од централна банка. Целото интервју е достапно на следнава врска: https://cbpaymentsnews.com/assets/CBPN_Volume6/CBPN-2023_August_Vol6No8.pdf.

Банки

АЛТА банка започна спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром

Објавено

на

Од АЛТА банка посочуваат дека партнерството со еден од најпознатите македонски кошаркарски клубови е дел од нивната заложба за поддршка на спортот и вредностите што тој ги промовира.

„Со задоволство ја започнуваме нашата спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром – клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка“, наведуваат од банката.

Оттаму додаваат дека поддршката на спортот ја гледаат како поддршка на посветеноста, тимскиот дух, дисциплината и стремежот кон подобри резултати.

Целта, како што истакнуваат од АЛТА банка, е партнерството да биде повеќе од класично спонзорство и да создава дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на банката и пошироката заедница.

„Со заедничка енергија – кон нови успеси“, порачуваат од АЛТА банка по повод почетокот на соработката со МЗТ Скопје Аеродром.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%

Објавено

на

Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).

Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.

Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.

Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.

Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange