Connect with us

Банки

TTK Банка на Отворен ден – саем за кариера во Тетово

Објавено

на

TTK Банка активно го поддржува развојот на човечкиот капитал и вложува во младите генерации, а својата посветеност уште еднаш ја покажа со учество на „Отворен ден – саем за кариера“ организиран од Државниот универзитет во Тетово. Настанот се одржа вчера (29.04.2025г.), а тимот на TTK Банка имаше можност да се сретне со голем број студенти кои беа мотивирани, амбициозни и полни со потенцијал за професионален раст.

Посетителите на штандот на Банката имаа можност да се запознаат со програмите за развој на кариера, практична работа и можностите за вработување во TTK Банка. Преку директна комуникација, беа споделени информации за начинот на аплицирање, како и совети за градење успешна кариера, вклучувајќи теми како препознавање на сопствениот потенцијал, јакнење на самодовербата и ефективна комуникација со работодавци.

TTK Банка истакнува дека инвестирањето во младиот кадар е стратешки приоритет за Банката и значаен дел од нејзината визија за одржлив раст и модерно банкарство. Соработката со високообразовни институции како Државниот универзитет во Тетово претставува важен чекор во градење на цврста врска помеѓу академската заедница и деловниот сектор.

TTK Банка упатува благодарност до организаторите на настанот и до сите студенти кои покажаа интерес и подготвеност да го направат првиот чекор кон својата иднина.

Банки

Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.

Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.

Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.

Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија

Објавено

на

Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.

Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.

Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.

Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата за потрошувачки кредит наменет за реализација на различни лични планови и потреби.

Според објавата на Банката, клиентите можат да аплицираат за износ до 2.500.000 денари, а одобрувањето на кредитот може да се добие за само неколку минути.

Од НЛБ Банка посочуваат дека производот е наменет за корисници кои бараат брзо финансиско решение за реализација на поголеми планови и инвестиции.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на интернет-страницата на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange