Connect with us

Банки

ТТК Банка го освои четвртото место на рекреативната трка Business run

Објавено

на

Тимот на ТТК Банка со гордост учествуваше на Штафетната трка за тимови од македонскиот бизнис сектор – „Cevahir Mall Business Run 2024“ и во конкуренција од 62 тимови, се пласираше на одличното 4-то место.

Нашите четворица колеги, трчајќи 8 километри на рекреативната патека во „Џевахир Мол“ комплексот– Скопје, ја покажаа својата посветеност, тимски дух и желба за успех.” – велат од банката.

Организирана од „Прв до врв“ во соработка со „Џевахир Мол“ – Скопје, оваа трка уште еднаш ја истакна важноста на спортот и рекреацијата во бизнис заедницата, поттикнувајќи градење на нови пријателства и деловни релации.

Банки

ХАЛКБАНК СЕ ДОКАПИТАЛИЗИРА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое на Халкбанк АД Скопје и даде одобрение да ја издаде 21-вата емисија  на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со дваесет и првата емисија на акции Халкбанк АД Скопје ќе издаде 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000  денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари.

„Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор Халк Банка А.Ш. Турција. Банката издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период“, се вели во соопштението од 46-та седница на КХВ.

Продолжи со читање

Банки

Михаил Петковски и Албиона Риза предложени за нови членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со член 390 од Законот за трговските друштва, а врз основа на Јавен повик за свикување на седница на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје, акционерите Друштво за проектирање, инженеринг и трговија ТИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови КБ ИНВЕСТ АД Скопје, како и Владе Пазарџиевски, кои поседуваат над 5% од вкупниот број на акции со право на глас, за седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје закажана за ден 05.11.2024 година, доставија предлог-Одлука за именување на членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Со доставениот предлог, наведените акционери за независни членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје ги предлагаат проф. д-р Михаил Петковски и Албиона Риза.

Проф. д-р Михаил Петковски е доктор по економски науки и бил долгогодишен професор на Економскиот факултет во Скопје, кој во моментов е во пензија. Петковски е специјалист по финансиски пазари и институии, макроекономија и меѓународни финансии, а своето работно искуство го стекнал преку научна и предавачка активност на Економскиот факултет во Скопје, како и со учество во меѓународни проекти и издавање научни трудови во врвни економски списанија.

Проф. д-р Михаил Петковски бил економски советник на повеќе Влади на Република Македонија, во два мандати бил член на Советот на Народната банка и на Комисијата за хартии од вредност, а исто така бил и Претседател на Одборот за акредитација на Република Македонија.

Албиона Риза е дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Во моментов ја извршува функцијата Извршен директор при Дебарски бањи – Цапа АД Дебар. Риза е добро запознаена со внатрешната организациска структура и работењето на ТТК Банка АД Скопје со оглед дека во минатото и самата била вработена во Банката во доменот на кредитирање, работа со население и девизно работење.

Предложените кандидати поседуваат соодветно знаење и искуство да ги извршуваат надлежностите на Надзорниот одбор на ТТК Банка.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво

Објавено

на

Во денешниот свет на брзи промени и неограничени можности, младите и жените претприемачи играат клучна улога во обликувањето на иднината. Халкбанк, како водечки финансиски партнер, цврсто стои зад нивната амбиција, поддржувајќи ги да ги претворат своите идеи во успешни бизнис приказни. Оваа поддршка е клучна во рамките на настани како Women Economic Forum Balkans каде што се разговара на теми како создавање на бизнис подлога за успех во кариерата на жените, вмрежување на жените и оддржливост на бизнисите.

Women Economic Forum Balkans, што се одржуваше од 2ри до 3ти октомври, претставува уникатен простор на кој жените лидери и претприемачи имаа можност да ги споделат своите искуства, да создадат нови партнерства и да ги инспирираат оние кои се на пат да ги изградат своите деловни успеси. Со тоа што Халкбанк е поддржувач на овој настан, не само што ги поттикнува жените да се охрабрат и да влезат во светот на бизнисот, туку активно придонесува кон создавање на глобална мрежа за поддршка.

Од друга страна, банката се јавува како поддржувач и на настани каде што се едуцираат, инспирираат и вмрежуваат младите претприемачи, каков што е настанот Your Network is Your Net Worth. Овој настан по вторпат се одржа на 4ти октомври во организација на Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising. Your Network is Your Net Worth е извонреден пример за тоа како младите од Балканот можат да дојдат до нови можности преку соработка и поврзување.

На овој начин, Халкбанк не само што го зацврстува своето присуство во светот на бизнисот, туку и активно инвестира во иднината на младите и во подемот на жените во претприемништвото. Целта на банката е да создаде опкружување каде што идеите можат да се развиваат, а младите лидери да имаат пристап до поддршка што ќе им помогне да ги реализираат своите визии.

Така, во насока на посветеност на женското претприемништво, банката го нуди иновативниот Пакет за жени, кој на жените претприемачи им обезбедува основни алатки за нивниот бизнис развој и финансиско управување, овозможувајќи им лесен пристап до кредитирање, прифатливи банкарски услови и ексклузивни услуги за подобро финансиско планирање. Преку овој пакет, Халкбанк ја демонстрира својата решителност да биде сојузник на секоја жена која се стреми да успее во светот на бизнисот.

Од друга страна пак, стартапите како двигатели на економскиот раст, ја добиваат содветната финансиска поддршка преку Пакетот за финансирање на стартапи на Халкбанк, преку кој банката им обезбедува на младите визионери финансиска поддршка за реализација на нивните идеи. Оваа услуга нуди флексибилни решенија за кредитирање, совети за управување со бизнисот и поддршка во сите фази од растот на компанијата.

Со континуирана поддршка на ваков тип настани, Халкбанк не е само препознатлив финансиски партнер, туку и ментор и поддржувач на младите претприемачи од Балканот. Банката верува дека инвестицијата во младите е инвестиција во иднината. Со фокус на иновациите, одржливиот развој и женското претприемништво, Халкбанк е посветена на создавање на економски посилна и подобра иднина за сите.

Продолжи со читање

Популарно