Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка се приклучи и даде огромен придонес на најголемиот пролетен настан за чистење- Генералка викенд! 

Објавено

на

Тимот на Шпаркасе Банка од Скопје денес масовно се приклучи на најголемиот пролетен настан за чистење- Генералка викенд!

Вработените во Шпаркасе Банка беа во поход на чистење во реонот околу Кејот на Скопје и Централното градско подрачје и успејаа да соберат голема количина на отпад и да придонесат за почисто Скопје.

Огромна благодарност до вработените во Шпаркасе Банка што ја покажаа на дело нивната борба и огромна желба за почиста животна средина и позелена иднина за сите!

Шпаркасе тимот продолжува со чистење на нашата животна средина утре и задутре во Охрид, Прилеп, Ресен и Кичево.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange