Business Woman
Ратка Тирицовска од Стопанска банка е добитник на престижната награда PRO PR Globe
Директорката за маркетинг и односи со јавност во Стопанска банка АД – Скопје, Ратка Тирицовска, ја доби престижната награда ПРО ПР Глоуб (PRO PR Globe Awards) за 2023 година, која се доделува на истакнати професионалци во областа на односите со јавност кои оствариле значителни резултати во својата работа. Таа ја доби наградата како резултат на нејзината вклученост во корпоративната комуникација на Стопанска банка како еден од најзначајните македонски брендови, но и за координирањето и спроведувањето на различните општествено одговорни проекти кои Банката ги спроведува на годишно ниво, со кои го зајакнува брендот и поврзаноста со заедницата.

Наградата на Тирицовска ѝ беше врачена на ПРО ПР конференцијата што се одржа во хотелот „Мона плаза“ во Белград, која на едно место ги собра сите 30 добитници на оваа награда од 15 земји во светот. Добитниците на наградата ПРО ПР Глоуб се номинирани од поранешни добитници на ова признание, како и од поранешни добитници кои се членови на четирите светски асоцијации за комуникации: Асоцијација за односи со јавност и комуникации (PRCA), Меѓународна асоцијација за односи со јавност (IPRA), Меѓународна организација за комуникациски консалтинг (ICCO) и Овластен институт за односи со јавност (CIPR).
Наградата ПРО ПР Глоуб е специфична по тоа што се доделува на поединци кои со својата работа значително придонесуваат за унапредување на односите со јавност на глобално, регионално и на локално ниво. Оваа престижна награда не се доделува за конкретни проекти, туку на личности кои во соработка со своите тимови успеваат да го промовираат и истакнат значењето на односите со јавност во секојдневното работење.

Покрај индивидуалните награди за ПР професионалците, на конференцијата беа доделени и трите традиционални награди Pro PR Vision City, Pro PR Vision Manager и Infigo Award, за организации и институции кои дале значаен придонес во комуникацискиот менаџмент.
Business Woman
Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март
Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.
Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.
Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.
Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.
Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).
Business Woman
Агенција „Марили“: 29- то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2025 година
Агенција „Марили“ , годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на 17.05.2025 (сабота), во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.
Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од Р. Хрватска.
На манифестацијата менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните музички изведби на младата виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на пијано од Марија Богоевска , како и изведба на младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска придружувана oд уметничкиот соработник Дарко Мариновски. За комплетно уживање на публиката и оваа година, традиционално, ќе се погрижи незаменливата Ели Танасковска.
Изјава на Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“
„Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век и да бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив“, вели генералната менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на манифестацијата, Лидија Трипуноска.
Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и
лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.
Во продолжение список со овогодишните лауреатки:
- Анита Атанасовска
- Генерален менаџер
- „Супериор Лукс“ Скопје
- Стевка Василева
- Генерален менаџер
- ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш
- М-р Дафинка Ивановска
Извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“
„Ревитал Козметикс“ Скопје - Д-р Оливера Клинчарова
Претседател на Одбор на директори
„Делта ИНС Брокер АД Скопје“ - Д-р Даниела Михајловска
Генерален менаџер
„Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар - Елена Лотеска Наумовска
Генерален менаџер
„Брод Армада“ Охрид - Д-р Маја Петаноска
Бренд менаџер и косопственик
ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје - М-р Ирена Миновска – Пехливанова
Стратегиски менаџер
„Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ - Арзијана Фејзи
Менаџер за правни работи
„Рамацоти Фуд“ Гостивар - Јанинка Чупаркоска
Генерален менаџер
„КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци - Проф. д-р Јана Манева – Чупоска
Визуелен уметник
Претседател на ДЛУМ - М-р Барбара Оленик Станичиќ
Директор на сектор за Човечки ресурси
Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска - Слободанка Цока Стевиќ
Генерален менаџер и сопственик
ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија
Business Woman
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје
По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
„Голема благодарност до Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Народната банка на Република Северна Македонија за укажаната доверба. Чест ми е да се приклучам на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, силна, стабилна и модерна финансиска институција, дотолку повеќе што пред нас е амбициозна и напредна деловна стратегија која комплетно ќе го преобликува искуството на нашите клиенти. Се радувам на можноста да бидам дел од ова возбудливо патување и да придонесам во мисијата на Банката за обезбедување на врвни, иновативни и технолошки најнапредни банкарски услуги, раст и одржливост и поставување на нови стандарди на извонредност во финансискиот сектор.“ – истакнува Катерина Јанковиќ во својата прва изјава по стапувањето на функцијата член на УО на НЛБ Банка Скопје.

Катерина Јанковиќ во управата на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти. Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население.
Катерина е димпломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистер на науки од областа на бизнис администрацијата во финансии на Универзитот „Шефилд“ во Солун. Таа е сопруга и мајка на два сина.
-
Бизниспред 2 месециУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 2 месециОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 2 месеци„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја заокружи 2025 со висока профитабилност и конзервативен пристап кон ризиците
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје



