Connect with us
no baners

Банки

Презентиран труд од тим од Народната банка на меѓународната статистичка конференција на Комитетот „Ирвинг Фишер“ и БИС

Објавено

на

Во рамките на Дванаесеттата биенална конференција на тема: „Статистиката и пошироко: нови податоци за донесување одлуки во централните банки“, организирана од Комитетот за централнобанкарски статистики „Ирвинг Фишер“ и Банката за меѓународни порамнувања беше презентиран труд од областа на статистиката, изготвен од вработени во Народната банка. На настанот, директорката на Дирекцијата за статистика, Снежана Јанеска-Поповска, го претстави трудот „Градење на финансиските сметки врз основа на принципот од кого на кого и нивната аналитичка вредност − случајот на НБРСМ“, изготвен во коавторство со Нада Циривири и Билјана Петрушевска.

Во рамките на презентацијата, Јанеска-Поповска се осврна на клучните аспекти поврзани со статистиката на финансиските сметки којашто ја изготвува Народната банка, преку воспоставување модерен пристап „од кого на кого“. Станува збор за исклучително комплексна статистика, којашто доби на тежина особено по глобалната финансиска криза, преку која се согледува меѓусекторската финансиска поврзаност и изложеноста на шокови. Притоа, беше истакнато дека составувањето на оваа статистика вклучува различни извори на податоци, често наменети за различни статистички цели и засновани врз различни методологии. Оваа интеграција бара значителен напор за ефективно комбинирање и воспоставување хиерархија на изворите на податоци, преку вградување на примарните статистики и бројни дополнителни извори на податоци.

Особен акцент беше ставен на важноста на деталните бази податоци (микроподатоци) коишто имаат за цел да го подобрат севкупниот квалитет и конзистентноста на финансиските сметки, при што беше даден осврт и на развојот на базата на статистички податоци за располагање со хартии од вредност во Народната банка. Понатаму, во рамките на презентацијата беше даден осврт на предизвиците и практичните решенија во процесот на составување на финансиските сметки, методолошките аспекти и кратка анализа на податоците со цел да се истакнат придобивките од користењето на овој пристап.

На презентацијата беше истакната заложбата на Народната банка и понатаму да вложува напори за збогатување на сетот расположливи податоци за корисниците и за развивање и унапредување на финансиските сметки, овозможувајќи усогласување со највисоките меѓународни статистички стандарди.

На Конференцијата присуствуваа 140 претставници на централните банки и статистичките заводи од 70 држави, претставници од повеќе меѓународни организации, БИС, ММФ, ИСИ, ОЕЦД, Светската банка итн., како и голем број учесници од целиот свет, коишто виртуелно го следеа настанот. Комитетот за централнобанкарски статистики „Ирвинг Фишер“ е форум на економисти и статистичари посветен на актуелните статистички прашања од интерес на централните банки. Комитетот е основан од и со него управува меѓународната централнобанкарска заедница и работи под покровителство на Банката за меѓународни порамнувања.

no baners
no baners

Банки

Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор

Објавено

на

Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.

Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.

Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.

Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.

Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.

Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.

Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.

Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.

Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.

За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange