Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

Визијата на УНИБанка е да биде константен лидер во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.

Целта на банката е да одбира млад кадар и да им овозможи своето работно искуство да го стекнат во УНИБанка. Вработените постојано се едуцираат со можности за брз напредок во својата кариера.

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…
Референт на фронт офис во експозитура во Скопје

Kвaлификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини;
  • Желба за непосредна работа со клиенти;
  • Прецизност, точност и аналитички пристап во работењето;
  • Афинитети за тимска работа и работа под притисок;
  • Аналитичен пристап кон задачите и реализација во кратки рокови.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 04.04.2023 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Кариера

Народната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија објави оглас за вработување на седум лица, од кои две на неопределено и пет на определено време во траење од една година.

На неопределено време се бара еден „советник експерт“ во Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки и еден „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување.

За позицијата советник експерт е предвидена основна нето-плата од 91.385 денари, додека за организатор II степен основната нето-плата изнесува 72.271 денари. За двете позиции се бара високо образование и соодветно работно искуство.

Народната банка бара и двајца пожарникари и тројца чувари, кои ќе бидат вработени на определено време од една година. За овие позиции се бара завршено средно образование, а кандидатите може да бидат со или без работен стаж. Основната нето-плата изнесува 35.051 денар.

Тројцата чувари ќе работат во Велес, а пред почетокот на работата ќе поминат обука во траење од три до шест месеци во седиштето на Народната банка во Скопје.

Кандидатите треба да достават пријава, биографија, доказ за државјанство, диплома или уверение за завршено образование, како и други документи наведени во огласот. Рокот за доставување на документацијата е седум работни дена, сметано од наредниот ден по објавувањето на огласот.

Документите се доставуваат до Архивата на Народната банка на булевар „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1 во Скопје.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Стручен соработник – проценител.

Локација: Скопје

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место ги опфаќа следните работни активности:

  • изготвување на нови процени на недвижен имот;
  • вршење на повторни процени на имот;
  • ревизија и контрола на постојни процени на имот согласно потребите на Банката;
  • увид на имот на терен;
  • подготовка на извештаи, анализи и придружна документација;
  • следење на пазарните движења и релевантната регулатива од областа на проценувањето;
  • извршување на други сродни работни задачи согласно потребите на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • завршено високо образование;
  • важечка лиценца за овластен проценител;
  • работно искуство во областа на проценување на недвижен имот ќе се смета за предност;
  • солидно познавање на англиски јазик;
  • одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • возачка дозвола „Б“ категорија и активно возачко искуство.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • самостојност, одговорност и самоиницијативност;
  • способност за тимска работа во динамично работно окружување;
  • добри комуникациски и организациски способности;
  • професионален позитивен однос кон работата;
  • висок степен на прецизност;
  • способност за почитување на рокови и утврдени процедури
  • доверливост и професионален интегритет.

За работно место е предвидена основна нето плата, чија висина ќе биде утврдена во зависност од квалификациите и професионалното искуството на кандидатот.

Банката нуди професионална и стабилна работна средина, можност за стручно усовршување,професионaлен развој и напредување во кариерата, работа во искусен тим. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 26.08.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии

Објавено

на

НЛБ Групацијата бара професионалец од областа на управување со ризици или финансии кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239.

Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата со податоци од областа на управување со ризици, финансиско и регулаторно известување, управување со податоци, контролни механизми и процеси за известување во различни членки и функции на НЛБ Групацијата.

Оваа улога е наменета за професионалци кои сакаат да анализираат комплексни податоци, да ги преиспитуваат претпоставките и независно да оценуваат дали податоците се точни, целосни и веродостојни, а процесите и контролите се соодветни и ефективни.

Локација: Скопје, со можност за работа од далечина или хибриден модел, во зависност од деловните потреби и локацијата на кандидатот.

Клучни одговорности:

  • Оценување на процесите за агрегирање на податоци за управување со ризици, финансиско и регулаторно известување и поврзаните контролни механизми;
  • Проверка на рамките за управување со податоци, вклучително сопственост на податоците, одговорност, ескалација и управување со идентификувани слабости;
  • Оценување на деловните правила за квалитет на податоците, усогласувањата, контролите во известувањето и процесите за управување со исклучоци;
  • Проценка дали извештаите од областа на управување со ризици и финансии се точни, целосни, навремени, јасни и соодветни за нивната намена;
  • Идентификување контролни слабости, недоследности и области во кои е потребна корективна активност;
  • Спроведување независни тестирања на избрани податоци, пресметки, контроли и извештајни резултати;
  • Подготовка на јасни наоди, заклучоци и препораки;
  • Следење на реализацијата на корективните активности и оценување дали утврдените слабости се соодветно отстранети;
  • Соработка со колеги од Ризици, Финансии, ИТ, Управување со податоци, Усогласеност и Внатрешна ревизија.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Високо образование од областа на финансии, управување со ризици, економија, сметководство, деловна администрацијаили сродна област;
  • Најмалку пет години релевантно професионално искуство во една или повеќе од следните области:
  • o    Управување со ризици
  • o    Финансии или финансиско известување
  • o    Регулаторно известување
  • o    Управување со податоци и квалитет на податоци
  • o    Внатрешна ревизија
  • Добро познавање на процесите за известување, контролите, управувањето со податоци и концептите за квалитет на податоците;
  • Силни аналитички способности и внимание на детали;
  • Способност за самостојна и објективна проценка, со донесување заклучоци и препораки врз основа на факти, анализи и докази;
  • Одлични комуникациски вештини (писмени и усни);
  • Способност за ефикасна соработка со различни функции и повисоки нивоа на менаџмент;
  • Одлично познавање на англискиот јазик, писмено и усно.

Ќе се смета за предност:

  • Искуство во банкарство или финансиски услуги;
  • Познавање на BCBS 239 или други Базелски регулаторни рамки;
  • Искуство со агрегирање на податоци и регулаторно известување;
  • Искуство во втора линија на одбрана, внатрешна ревизија или независна валидација;
  • Познавање на SQL, алатки за анализа на податоци или платформи за известување.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Позиција на ниво на Групацијата со пристап кон различни членки на НЛБ Групацијата
  • Можност за развој на специјализирана експертиза во BCBS 239;
  • Соработка со искусни професионалци од Ризици, Финансии, ИТ и Управување со податоци;
  • Работа на комплексни  активности од висока важност и  реално значење за Групацијата;
  • Високо ниво на професионална независност и одговорност;
  • Флексибилен модел на работа;
  • Теренска работа и патувања во рамки на регионот на НЛБ Групацијата.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected] или со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk, со назнака “Специјалист за Управување со ризици / финансии” најдоцна до 31.08.2026 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange