Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Секторот за внатрешна ревизија на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на внатрешна ревизија.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето на проценка на општата ефикасност на работењето на Банката, следење и почитување на прописите, контрола, надзор и следење на работниот процес, советување на раководсвото и вработените; развивање и имплементација на стручните стандарди и начела за внатрешна ревизија, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Ревизор
во Сектор за внатрешна ревизија

Улога во тимот:

  • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
  • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
  • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
  • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачникот за внатрешно ревидирање;
  • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата, процедурите и интерните упатства за работа;
  • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
  • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
  • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
  • Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
  • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од економски науки;
  • Минимум 2 години работно искуство во сегментот на ревизија;
  • Поседување на лиценца од подрачјата ревизија, ризици или compliance, ќе се смета за предност;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
  • Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV), најдоцна до 17.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Кариера

НЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии

Објавено

на

НЛБ Групацијата бара професионалец од областа на управување со ризици или финансии кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239.

Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата со податоци од областа на управување со ризици, финансиско и регулаторно известување, управување со податоци, контролни механизми и процеси за известување во различни членки и функции на НЛБ Групацијата.

Оваа улога е наменета за професионалци кои сакаат да анализираат комплексни податоци, да ги преиспитуваат претпоставките и независно да оценуваат дали податоците се точни, целосни и веродостојни, а процесите и контролите се соодветни и ефективни.

Локација: Скопје, со можност за работа од далечина или хибриден модел, во зависност од деловните потреби и локацијата на кандидатот.

Клучни одговорности:

  • Оценување на процесите за агрегирање на податоци за управување со ризици, финансиско и регулаторно известување и поврзаните контролни механизми;
  • Проверка на рамките за управување со податоци, вклучително сопственост на податоците, одговорност, ескалација и управување со идентификувани слабости;
  • Оценување на деловните правила за квалитет на податоците, усогласувањата, контролите во известувањето и процесите за управување со исклучоци;
  • Проценка дали извештаите од областа на управување со ризици и финансии се точни, целосни, навремени, јасни и соодветни за нивната намена;
  • Идентификување контролни слабости, недоследности и области во кои е потребна корективна активност;
  • Спроведување независни тестирања на избрани податоци, пресметки, контроли и извештајни резултати;
  • Подготовка на јасни наоди, заклучоци и препораки;
  • Следење на реализацијата на корективните активности и оценување дали утврдените слабости се соодветно отстранети;
  • Соработка со колеги од Ризици, Финансии, ИТ, Управување со податоци, Усогласеност и Внатрешна ревизија.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Високо образование од областа на финансии, управување со ризици, економија, сметководство, деловна администрацијаили сродна област;
  • Најмалку пет години релевантно професионално искуство во една или повеќе од следните области:
  • o    Управување со ризици
  • o    Финансии или финансиско известување
  • o    Регулаторно известување
  • o    Управување со податоци и квалитет на податоци
  • o    Внатрешна ревизија
  • Добро познавање на процесите за известување, контролите, управувањето со податоци и концептите за квалитет на податоците;
  • Силни аналитички способности и внимание на детали;
  • Способност за самостојна и објективна проценка, со донесување заклучоци и препораки врз основа на факти, анализи и докази;
  • Одлични комуникациски вештини (писмени и усни);
  • Способност за ефикасна соработка со различни функции и повисоки нивоа на менаџмент;
  • Одлично познавање на англискиот јазик, писмено и усно.

Ќе се смета за предност:

  • Искуство во банкарство или финансиски услуги;
  • Познавање на BCBS 239 или други Базелски регулаторни рамки;
  • Искуство со агрегирање на податоци и регулаторно известување;
  • Искуство во втора линија на одбрана, внатрешна ревизија или независна валидација;
  • Познавање на SQL, алатки за анализа на податоци или платформи за известување.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Позиција на ниво на Групацијата со пристап кон различни членки на НЛБ Групацијата
  • Можност за развој на специјализирана експертиза во BCBS 239;
  • Соработка со искусни професионалци од Ризици, Финансии, ИТ и Управување со податоци;
  • Работа на комплексни  активности од висока важност и  реално значење за Групацијата;
  • Високо ниво на професионална независност и одговорност;
  • Флексибилен модел на работа;
  • Теренска работа и патувања во рамки на регионот на НЛБ Групацијата.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected] или со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk, со назнака “Специјалист за Управување со ризици / финансии” најдоцна до 31.08.2026 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Раководител на експозитура во Ресен.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
  • ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
  • има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
  • се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
  • одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
  • решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
  • потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
  • врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
  • ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
  • го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
  • врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
  • Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Способност за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Организациски способности;
  • Способности за раководење и работа со луѓе;
  • Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • Познавање на прописите поврзани со банкарството.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

Алта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес

Објавено

на

Алта банка објави оглас за ангажирање едно лице на работното место стручен соработник за работа со физички лица и микро клиенти во експозитура во Велес.

Од кандидатите се бара завршен Економски факултет, најмалку две години работно искуство во банка, положен стручен испит за застапник во осигурување, одлично познавање на англискиот јазик и работа со програмите од пакетот MS Office. Потребна е и возачка дозвола од Б-категорија.

Работните обврски опфаќаат обработка и анализа на кредитни барања, комуникација со клиенти, презентирање банкарски производи, следење на наплатата на пласманите и подготовка и склучување договори за осигурување.

Избраниот кандидат ќе биде ангажиран со полно работно време и договор на определено време од шест месеци. Висината на платата ќе биде утврдена според компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.

Заинтересираните треба да испратат мотивациско писмо и кратка биографија на македонски јазик на електронската адреса [email protected], со соодветна назнака во предметот на пораката. Огласот ќе биде отворен до пополнување на работното место.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange