Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка Ве мотивира да аплицирате
на огласот за работа во експозитура Кавадарци и експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:

Банкарски комерцијалист – благајник
(За експозитура Кавадарци и Штип)

Улога во тимот:

  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/постдипломски студии, како предност ќе се смета економска насока;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој, менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Аплицијрате со испраќање на CV на: [email protected] со назнака: Банкарски комерцијалист (со назнака за соодветниот град), најдоцна до 07.03.2025 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар

Објавено

на

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување на позицијата „Самостоен стручен соработник“ во Дирекцијата за поддршка на картично работење и канали за продажба.

Работните обврски за позицијата вклучуваат обработка и поддршка на платежни картички и ПИН-ови, координација и контрола на дистрибуција на картички до експозитурите, како и поддршка за трансакции, блокади и деблокади на картички.

Меѓу задачите се и обработка на оспорени трансакции и комуникација со системите на VISA и Mastercard.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат дел од динамичен тим да испратат мотивациско писмо и кратка биографија на македонски јазик на електронската адреса [email protected].

Во предметот на пораката потребно е да биде наведено: „За Самостоен стручен соработник за картично работење и поддршка на самоуслужни продукти“.

Огласот ќе биде активен до пополнување на работното место.

Целосниот оглас е достапен на: Погледнете го огласот

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка вработува Помлад соработник – Cashier во Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 14.05.2026 година 

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
  • Понуда на депозитни производи;
  • Промоција и продажба на банкарски производи;
  • Брз трансфер на пари;
  • Менувачко работење;
  • Учество во промотивни кампањи. 

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Со или без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк или преку e-mail: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange