Банки
NLB Банка го одбележа 40-годишниот јубилеј со гала концерт
НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше незаборавна прослава посветена на четирите децении извонредност и партнерства.
На коцертот настапи најголемиот македонски музички амбасадор, пијано-маестро Симон Трпчески, во придружба на квинтетот Македонисимо и Камерниот ансамбл – солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопјe, кој заедно со својот тим, специјално за оваа прилика креираше и премиерно изведе музичка програма – дела кои ја воодушевија публиката во преполната сала на Националната опера и балет. Секое дело беше избрано за да го одрази моментот на прослава и иновативност, отелотворувајќи го истиот напреден дух и вредности кои ја дефинираат НЛБ Банка.
Под диригентската палка на Сашо Татарчев, присутните имаа можност да уживаат во фрагменти од концертот за пијано (Император) од Л.В. Бетовен, Унгарската рапсодија на Лист и музичка палета на повеќе-децениски поп хитови од земјава и регионот,во изведба на еден од најдобрите македонски женски вокали, Каролина Гочева.
Вечерта ја отвори претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски, кој осврнувајќи се на скромните почетоци во далечната 1985 година и растот на Банката низ годините, упати искрена благодарност до сите оние кои дале значен придонес во трансформацијата на малата финансиска институција во системски значајна банка и еден од столбовите на македонскиот финансиски систем. Стојановски упати посебна благодарност до клиентите за нивната доверба и лојалност кон Банката.
„Вие секогаш сте биле и ќе останете наша инспирација да иновираме и да развиваме финансиски решенија кои ги задоволуваат вашите еволуирачки потреби, го поттикнуваат вашиот раст и ви помагаат да постигнете траен успех.“- рече Стојановски.
Со оптимизам и амбиција за идината, првиот човек на НЛБ Банка Скопје потенцираше: „Нашата визија е јасна – да бидеме прв избор за клиентите, да испорачаме врвно корисничко искуство и вредност за нашите акционери. Посветени сме да го предводиме патот на дигиталната трансформација, правејќи го банкарството подостапно, брзо, лесно и безбедно.Затоа, продолжуваме да инвестираме во нашите луѓе, во новите технологии, но и во заедницата во која живееме и работиме – едноставно, како и досега, продолжуваме да бидеме катализатор за севкупен напредок и просперитет на нашата земја.“
На настанот свои обраќања имаа и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д Љубљана, Блаж Бродњак и претседателката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Хедвика Усеник кои упатија искрени честитки за јубилејот и срдечна благодарност до сите кои се дел од успешната приказна на НЛБ Банка. Тие изразија длабоко уверување дека, преку континуирана посветеност, соработка и споделени вредности, НЛБ Банка Скопјеќе постигне уште поголеми успеси во наредните години, зајакнувајќи ја својата улога како доверлив партнер и лидер во финансискиот сектор во земјата, и ќе продолжи да биде важен столб во рамките на брзо-растечката НЛБ Групација.
НЛБ Банка е трета по големина банкарска институција во земјата, длабоко интегрирана во локалната економија и активен учесник во поддршката на реалниот и граѓанскиот сектор. Денес, со актива од 2.3 милијарди евра и кредитно портфолио од 1.5 милијарди евра, НЛБ Банка е една водечките банки во македонскиот банкарски сектор, која поставува стандарди во дигиталното банкарство, корпоративното управување и одржливото финансирање.
Галерија:











Банки
НЛБ Банка со силна порака за пензионерите: Активниот живот не завршува со пензионирањето
Вработените од експозитурата на НЛБ во Охрид беа дел од 30. Републички пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во комплексот „Билјанини извори“ во Охрид, во годината кога се одбележуваат 80 години пензионерско организирање во Македонија.
НЛБ со пензионерската заедница гради долгогодишна соработка, која опфаќа активности поврзани со финансиска едукација, поголема финансиска сигурност, спорт и дружење.
Од НЛБ посочуваат дека учеството на спортските натпревари е уште една можност за поддршка на активниот живот и создавање позитивни моменти за пензионерите.
„Активниот живот не завршува со пензионирањето. Напротив, токму тогаш можат да започнат нови навики, пријателства и нови причини за движење“, порачаа од Банката.
Со своето учество на јубилејниот настан, НЛБ даде придонес кон традицијата која повеќе децении ги обединува пензионерите од целата земја преку спорт, дружење и активен начин на живот.
Од Банката упатија честитки за 30. Републички пензионерски спортски натпревари и порака до пензионерите за уште многу години исполнети со спорт, дружење и активен живот.
Банки
Комерцијална банка со подароци и донација за првачињата на почетокот на учебната година
Комерцијална банка и оваа година го одбележа почетокот на новата учебна година со подароци и поддршка за првачињата во повеќе училишта.
Преку својата препознатлива Верверичка, Банката ги израдува првачињата во училиштата во Кочани, како и учениците од ООУ „Драга Стојановска“ во селото Ракотинци, Скопје, подарувајќи им ранчиња исполнети со подароци.

Дополнително, Комерцијална банка обезбеди донација за набавка на училишен прибор за првачињата во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје.

Од Банката посочуваат дека целта на ваквите активности е да им се обезбеди поддршка на децата за успешен почеток на образованието и можност непречено да ги следат своите желби и соништа.
„Веруваме дека секое дете заслужува поддршка за успешен почеток, квалитетно образование и можност да ги следи своите соништа“, порачаа од Комерцијална банка, посакувајќи им на првачињата многу нови знаења, другарства и незаборавни училишни денови.
Банки
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка
На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.
Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.
Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.
Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.
Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





