Connect with us

Банки

Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари

Објавено

на

Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.

Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци. 

Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари. 

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за август започнува на 1 септември

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 1 септември.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.

За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 септември и во секој работен ден после тоа..

Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ги извести пензионерите дека пензиите за месец август се исплатени и средствата се веќе достапни за користење.

Од Банката ги советуваат корисниците, со цел да заштедат време, да ја користат мрежата на банкомати, како и можностите за безготовинско плаќање во продажните места.

Пензионерите средствата можат да ги користат и преку електронското и мобилното банкарство на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

Северна Македонија во ноември се приклучува на новата платформа за инстант плаќања во Западен Балкан

Објавено

на

Новата платформа TIPS Clone за порамнување на инстант плаќања официјално започна со работа на 20 јули 2026 година, соопшти Банката на Италија. Платформата е развиена за земјите од Западен Балкан и е базирана на истата технологија што ја користи европската инфраструктура TARGET Instant Payment Settlement, позната како TIPS.

Први институции што се приклучија на новиот систем се Централната банка на Босна и Херцеговина и Централната банка на Црна Гора.

Платформата овозможува порамнување на инстант плаќања во реално време во валутите на земјите учеснички, во пари на централните банки, како и во евра преку комерцијални банки. Според Банката на Италија, решението е безбедно, технолошки напредно и економично.

Вториот бран на приклучување е предвиден за ноември 2026 година, кога се очекува кон системот да се приклучат централните банки на Албанија, Косово и Северна Македонија. Со тоа, сите земји кои учествуваат во иницијативата ќе бидат поврзани на платформата.

Иницијативата е започната од Банката на Италија со поддршка на Европската централна банка и Евросистемот, како дел од пошироката соработка со земјите од Западен Балкан.

Целта е модернизација и зголемување на ефикасноста на платежната инфраструктура во регионот, како и нејзино постепено усогласување со европските стандарди.

Иако функционира како самостоен и независен систем, TIPS Clone ја користи истата технологија како европскиот TIPS, што овозможува примена на напредните функционалности на системот и идно воведување на новите технолошки решенија што ќе се развиваат во рамки на Евросистемот.

Од Банката на Италија оценуваат дека стартот на платформата претставува уште еден чекор кон посилна регионална соработка и кон економска и финансиска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.

 Извор: Banca d’Italia

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange