Connect with us

Банки

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 54. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected],  најдоцна до 12 март 2025 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Банки

Светска банка мобилизира рекордни 112 милијарди долари приватен капитал

Објавено

на

Светска банка објави дека во фискалната година завршена во јуни мобилизирала рекордни 112 милијарди долари приватен капитал, што е значително повеќе од 69 милијарди долари една година претходно и повеќе од тројно во споредба со 2022 година.

Заедно со сопствените средства од 123 милијарди долари, Банката во текот на годината одобрила вкупно 235 милијарди долари за развојни проекти.

Околу 40 проценти од средствата биле насочени кон инфраструктурни проекти, додека 26 проценти биле наменети за регулаторни реформи.

Претседателот на Светска банка, Аџај Банга, има цел во следните две до три години учеството на приватниот капитал да се зголеми на повеќе од 200 милијарди долари. Фокусот е ставен на привлекување институционални инвеститори и отстранување на пречките што ги ограничуваат инвестициите во земјите во развој.

Во таа насока, Банката работи на стандардизација на кредитните аранжмани, скратување на времето за одобрување проекти и зајакнување на соработката со финансиските институции.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.

Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.

Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.

Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

ЦЕБ одобри грант од 250.000 евра за високото образование во Македонија

Објавено

на

Развојната банка на Советот на Европа (ЦЕБ) потпиша договор со Владата на Северна Македонија за доделување грант во износ од 250.000 евра за поддршка на високото образование во земјава.

Средствата ќе бидат обезбедени преку Шпанската сметка за социјална кохезија на ЦЕБ.

Како што објави SeeNews, договорот е потпишан на 16 септември, а грантот е наменет за активности поврзани со унапредување на високото образование.

Повеќе детали за конкретната намена на средствата не се наведени во јавно достапниот дел од информацијата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange