Connect with us
no baners

Банки

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови и анализи.

ММФ препорачува Народната банка да продолжи со претпазливата монетарна политика сѐ додека не се потврди постојан и одржлив пад на инфлацијата. Доколку некои од домашните ризици се остварат, се посочува дека Народната банка треба да е подготвена за повторно затегнување на монетарната политика, вклучително и преку управување со ликвидноста со расположливите инструменти, како што е задолжителната резерва.

Во областа на финансиската стабилност, ММФ позитивно го оценува воведувањето на макропрудентните мерки како што се ограничувањата на односот заем ‒ вредност и долг ‒  доход, коишто веќе придонесуваат за намалување на ризиците на пазарот на недвижности и за заштита од прекумерно задолжување. Поддржано е и постепеното зголемување на контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и дополнителните капитални барања, со цел да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, а во согласност и со европската регулатива.

ММФ ја нагласува огромната важност на зачувувањето на независноста на централната банка, како основа за стабилност на цените, девизниот курс и финансискиот систем.

Народната банка и натаму ќе биде целосно посветена на својата мисија – одржување на ценовната и финансиската стабилност и поддршка на долгорочната економска отпорност.

no baners
no baners

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ тимот блесна на Скопскиот маратон: Радмила Јованова втора меѓу македонските маратонки

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје и годинава беше дел од Скопскиот маратон, со бројни свои вработени кои настапија на различните трки и го претставуваа НЛБ тимот со енергија, упорност и силен тимски дух.

Од Банката упатија честитки до сите свои колеги кои застанаа на стартната линија, како и до оние кои успеаја да ги подобрат своите лични најдобри времиња.

Посебен успех оствари Радмила Јованова, која го освои второто место во конкуренција на македонски жени на маратонот, а воедно се пласираше на 13. место во генералниот пласман.

Од НЛБ Банка ги издвоија и најдобрите резултати во рамки на својот тим во повеќе дисциплини. Кај мажите во маратон најдобар резултат оствари Влатко Коцевски, додека во полумаратонот најдобро пласирани беа Маја Ѓорѓиевска во женска и Владимир Дојчинов во машка конкуренција.

На трката од 5 километри, најдобри резултати во НЛБ тимот остварија Габриела Петровска кај жените и Александар Цеков кај мажите.

„Вашата енергија, упорност и тимски дух се нешто со што навистина се гордееме“, порачаа од НЛБ Банка, честитајќи им на сите учесници.

Учеството на НЛБ тимот на Скопскиот маратон е уште еден пример за поддршка на активниот начин на живот, здравите навики и тимската култура меѓу вработените.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка и годинава беше дел од атмосферата на Скопскиот маратон

Објавено

на

Со учеството на маратонот, вработените во банката испратија порака за важноста на активниот начин на живот, здравите навики и тимскиот дух, вредности кои сè почесто стануваат дел и од корпоративната култура на компаниите.

Од АЛТА банка посочија дека се горди на своите колеги кои беа дел од настанот и кои со позитивна енергија и мотивација ја претставуваа банката на улиците на Скопје.

„Горди сме што заедно учествуваме во настани што промовираат здрави навики, активен живот и заедништво“, порачаа од банката.

Скопскиот маратон традиционално собира голем број професионални и рекреативни тркачи, како и компании и организации кои преку своите тимови го поддржуваат спортот и активниот животен стил.

Од АЛТА банка упатија честитки до својот тим, но и до сите учесници кои успешно ја минаа целта, истакнувајќи дека ваквите настани се можност за градење посилна тимска култура и промоција на позитивни животни навики.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange