Connect with us

Банки

Комерцијална банка со поддршка и честитки за успесите на танчерите од Денсерс јунајтед

Објавено

на

Како компанија која силно ги поддржува инклузивноста во општеството и еднаквите можности за сите граѓани, Комерцијална банка е горд спонзор на 10-та по ред инклузивна танцова претстава наменета за лица со Даунов синдром и други попречености во организација на Здружението Денсерс јунајтед.

„Со нашата поддршка ќе овозможиме уште еден уметнички настан кој значи активна интеграција во општеството на лицата со попреченост и во исто време поттик на свеста на јавноста за нивните способности“, велат од Комерцијална банка.

Комерцијална банка го поздравува и цени силниот ентузијазам на Здружението Денсерс јунајтед, кое во претставата ќе ангажира над 150 танчери, меѓу кои и лица со попреченост.

Во исто време, Комерцијална банка им упати честитки на танчерите од Денсерс јунајтед, кои собраа куп медали на Европското првенство во танц во Шведска.

„Се радуваме на секој успех на Денсерс јунајтед и се гордееме што заедно покажуваме дека постојат неограничени можности за сите“, се вели во честитката од Банката.

Банки

Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.

Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.

„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 1 октомври

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на септемвриските пензии ќе започне од четврток, 1 октомври.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.

За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 октомври и во секој работен ден после тоа.

Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange