Банки
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери
Комерцијална банка АД Скопје на 03.04.2025 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2024 година со бруто-добивка во износ од 5.482,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 557,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 4.924,8 милиони денари.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 4.924,8 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 125% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.250 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 07.05.2025 година.
Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.
Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2024 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2024 година.
Банки
Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор
Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.
Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.
Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.
Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.
Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.
Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.
Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.
Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.
Банки
Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%
Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.
Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.
За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.
Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови
НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

