Connect with us

Банки

Известување за привремено затворање на експозитура Автокоманда на Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека поради преместување на експозитура Автокоманда (ул.Трифун Хаџијанев, кула 3) истата ќе биде привремено затворена од 30.09.2024 година. 

За отпочнувањето со работа на новата локација клиентите ќе бидат дополнително информирани.

За извршување на потребните трансакции на располагање на клиентите им стојат: 

  • Електронското и мобилно банкарството на Банката
  • Експозитурите: Аеродром, Централа, Буњаковец, Кисела Вода и Влае

За сите дополнителни информации контактирајте ја Силк Роуд Банка на телефонските броеви 02/3251-900 и на емејл: [email protected]

Банки

Халкбанк со пакет за жени претприемачки: Кредит до 500.000 евра и повеќе поволности

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди пакет наменет за жени претприемачки, со финансиска поддршка и повеќе поволности за развој и унапредување на бизнисот.

Во рамки на понудата е достапен кредит до 500.000 евра, со рок на отплата до 120 месеци. Пакетот вклучува и водење сметка без месечен трошок, како и електронско банкарство без надоместок.

Корисничките добиваат и деловна Mastercard картичка без надоместок за издавање, како и повисоки каматни стапки за различни типови орочени депозити.

Дополнително, пакетот вклучува подарок годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е креирана со цел да им овозможи на жените претприемачки полесен пристап до финансиски средства и услуги потребни за развој на нивниот бизнис.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со TOPSI картичка за млади: 0 денари месечни трошоци и повеќе дигитални поволности

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира TOPSI картичката наменета за млади, со повеќе дигитални поволности и без месечни трошоци.

Со TOPSI картичката, корисниците имаат пристап до банкарски услуги 24 часа дневно, брзи трансфери преку TOPSI Pay, како и можност за користење на Apple Pay и Google Pay.

Дополнително, за корисниците на картичката е достапен и 20 проценти попуст на курсеви од Семос Едукација.

Од банката порачуваат дека TOPSI е создадена за младите кои сакаат брз, едноставен и дигитален пристап до секојдневното банкарство.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА банка нуди потрошувачки кредит во износ до 1.000.000 денари, со можност за одобрување во рок од 24 часа, информираат од банката.

Според објавените информации, кредитот е наменет за различни лични потреби и планови на граѓаните, а постапката за аплицирање е брза и едноставна.

„Кога одлуката не треба да чека“, порачуваат од АЛТА банка во објавата со која го промовираат потрошувачкиот кредит.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалните канали на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange