Банки
ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА
Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот. Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари, гувернерите на централните банки од регионот, претставници на релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања. Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почуствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.
Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.
Банки
ЕЦБ го крева прагот за малите банки: Новата граница ќе биде 10 милијарди евра
Европската централна банка (ЕЦБ) подготвува значително регулаторно олеснување за помалите банки во Европската Унија, со предлог прагот за институциите што се сметаат за „мали и некомплексни“ да се зголеми од сегашните 5 милијарди на дури 10 милијарди евра вкупна актива.
Со оваа промена, многу поголем број банки би можеле да влезат во категоријата Small and Non-Complex Institutions – SNCI и да користат поедноставени регулаторни, супервизорски и извештајни правила.
Според анализата на Евросистемот, зголемувањето на прагот од 5 на 10 милијарди евра би овозможило уште речиси 160 банки да бидат опфатени со режимот за мали и некомплексни институции. Нивниот вкупен број би се зголемил од 1.439 на околу 1.597 банки, односно за приближно 11%.
Помал административен товар за малите банки
Банките што имаат SNCI статус веќе користат значително поедноставени правила во споредба со големите банкарски групации.
Тие, меѓу другото, доставуваат значително помал обем регулаторни податоци. Според ЕЦБ, малите и некомплексни институции во одредени случаи известуваат само до 30% од податоците што ги доставуваат големите банки.
Проширувањето на оваа категорија би значело помал административен и регулаторен товар за дополнителен број регионални и средни банки, кои моментално мора да исполнуваат посложени барања.
Европските супервизори предлагаат националните власти да добијат можност, во зависност од големината и структурата на домашниот банкарски сектор, да го подигнат прагот од 5 милијарди на најмногу 10 милијарди евра.
Полесни стрес-тестови и супервизија
Олеснувањето не би се однесувало само на известувањето.
ЕЦБ разгледува и намалување на фреквенцијата и деталноста на одредени супервизорски процедури, меѓу кои и процесот SREP, преку кој се проценуваат ризиците, капиталот и ликвидноста на банките.
Се разгледува и можност малите банки да бидат ослободени од дел од редовните „bottom-up“ стрес-тестови, во кои самите институции подготвуваат и доставуваат детални проекции. Наместо тоа, поголем дел од анализите би можеле да ги спроведуваат директно супервизорите. Според ЕЦБ, ова би можело значително да го намали обемот на работа за речиси 1.000 мали банки.
ЕЦБ: Поедноставување, но не и послаби банки
И покрај најавените олеснувања, ЕЦБ нагласува дека целта не е намалување на капиталните стандарди или отпорноста на банкарскиот систем.
Потпретседателот на ЕЦБ, Борис Вујчиќ, порача дека Европа има потреба од „поедноставни правила, а не понизок капитал“, нагласувајќи дека силната капитализираност на банките е една од главните предности на европскиот финансиски систем.
Наместо класична дерегулација, идејата е правилата повеќе да се приспособат на големината, сложеноста и ризичниот профил на банката.
За мала регионална банка со едноставен деловен модел, според ЕЦБ, нема економска логика да важи ист административен товар како за голема меѓународна банкарска групација со сложени трговски операции.
Доколку предлогот биде прифатен на европско ниво, зголемувањето на прагот на 10 милијарди евра може да претставува едно од позначајните регулаторни олеснувања за малите и средни банки во ЕУ во последните години.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
НЛБ тимот блесна на Скопскиот маратон: Радмила Јованова втора меѓу македонските маратонки
НЛБ Банка Скопје и годинава беше дел од Скопскиот маратон, со бројни свои вработени кои настапија на различните трки и го претставуваа НЛБ тимот со енергија, упорност и силен тимски дух.
Од Банката упатија честитки до сите свои колеги кои застанаа на стартната линија, како и до оние кои успеаја да ги подобрат своите лични најдобри времиња.

Посебен успех оствари Радмила Јованова, која го освои второто место во конкуренција на македонски жени на маратонот, а воедно се пласираше на 13. место во генералниот пласман.
Од НЛБ Банка ги издвоија и најдобрите резултати во рамки на својот тим во повеќе дисциплини. Кај мажите во маратон најдобар резултат оствари Влатко Коцевски, додека во полумаратонот најдобро пласирани беа Маја Ѓорѓиевска во женска и Владимир Дојчинов во машка конкуренција.
На трката од 5 километри, најдобри резултати во НЛБ тимот остварија Габриела Петровска кај жените и Александар Цеков кај мажите.

„Вашата енергија, упорност и тимски дух се нешто со што навистина се гордееме“, порачаа од НЛБ Банка, честитајќи им на сите учесници.
Учеството на НЛБ тимот на Скопскиот маратон е уште еден пример за поддршка на активниот начин на живот, здравите навики и тимската култура меѓу вработените.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје

