Connect with us
no baners

Банки

Борислав Атанасовски привремено ќе биде член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Нова промена во органите на управување на Стопанска банка а.д. Битола.

„До финализирање на постапката за комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски“, информира Стопанска банка а.д. Битола преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

Банки

НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредит наменет за граѓаните кои планираат реновирање на домот, уредување или реализација на други лични планови.

Според информациите објавени од Банката, максималниот износ на кредитот достигнува до 2.500.000 денари, а една од главните карактеристики на понудата е можноста за брзо одобрување на кредитот, кое, како што посочуваат од НЛБ Банка, може да се реализира за само неколку минути.

Понудата е насочена кон клиентите на кои им е потребно дополнително финансирање за различни потрошувачки цели, меѓу кои реновирање и уредување на домот, како и други планирани трошоци.

Од НЛБ Банка ги повикуваат заинтересираните граѓани детално да се информираат за условите на промотивниот потрошувачки кредит преку официјалната интернет-страница на Банката.

При носење одлука за кредитно задолжување, покрај максималниот достапен износ и брзината на одобрување, значајно е да се земат предвид и каматната стапка, рокот на отплата, висината на месечната рата, провизиите и вкупниот износ што клиентот ќе го отплати во текот на целиот кредитен период.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).

Продолжи со читање

Банки

Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Во Народната банка се одржа 59. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научно-истражувачката дејност во земјава во изминатите тринаесет години.

На оваа сесија беше претставен научниот труд „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

Сесијата ја отвори директорката на Дирекцијата за монетарната политика и истражување Билјана Давидовска-Стојанова, којашто истакна дека интеграцијата на берзите не треба да се гледа само како реформа за развој на финансискиот пазар туку и како дел од пошироката макрофинансиска инфраструктура преку која монетарната политика влијае врз економијата. „Поинтегрираните пазари можат да овозможат побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали кон финансиските услови и реалната економија. Оттука, берзанската интеграција e потенцијално важен канал за поефикасно функционирање на монетарната политика. Сепак, самата консолидација на пазарите не е доволна, нејзините придобивки зависат од квалитетното управување, заштитата на инвеститорите и усогласената регулаторна рамка“, истакна Давидовска-Стојанова.

Авторот Таневски во својата презентација посочи дека трудот се фокусира на каналот на цените на средствата, како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата. Во моментов, пазарите од Западен Балкан се фрагментирани и неликвидни, поради што и сигналите на централните банки само делумно и нерамномерно се пренесуваат врз цените на финансиските средства во различни сектори. Во својот труд авторот  посочува дека интеграцијата на берзите од Западниот Балкан може значително да ја подобри оваа трансмисија, преку побрза и поефикасна реакција на цените на акциите на промените во каматните стапки и монетарните сигнали, при што се укажува дека структурата на финансискиот систем е директно поврзана со ефективноста на монетарната политика.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија е планирана за декември оваа година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange