Банки
Ангеловска-Бежоска на гувернерскиот состанок на БИС: Финтернетот како иден чекор во развојот на финансискиот систем
Банката за меѓународни порамнувања (БИС) организира состанок на гувернерите на централните банки, при што на состанокот активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Со состанокот претседаваше гувернерот на централната банка на Франција, Франсоа Вилероа де Гало. Темата на септемврискиот состанок беа предизвиците на глобалниот финансиски систем во контекст на примената на напредните технологии и целосното искористување на потенцијалот за развој на финансискиот систем со примена на новите дигитални технологии, во прилог на подобри финансиски услуги.
Во центарот на вниманието беа можностите за натамошен развој на финансиските системи, заснован на користење повисок степен на технологија, вклучително и преку формирање на т.н. финтернет, односно мрежа на финансиски екосистеми коишто имаат меѓусебни конекции, на сличен начин како интернетот. На тој начин би се овозможила брза трансформација на финансиските средства од еден во друг вид преку процесот на воведување токени, натамошниот развој на финансиските пазари, повисокото финансиско посредување, пониските трошоци за извршување на платежните трансакции, како и повисокиот степен на финансиска вклученост.
Со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој настан, во организација на БИС, се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централнобанкарската заедница и за примена на современите технологии и финансиски иновации. На тој начин, Народната банка се стреми преку соодветна регулативна рамка да придонесе и за поефикасен домашен финансиски систем, со современи финансиски услуги за нашите граѓани.
Банки
НЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
НЛБ Банка Скопје ги извести пензионерите дека пензиите за месец август се исплатени и средствата се веќе достапни за користење.
Од Банката ги советуваат корисниците, со цел да заштедат време, да ја користат мрежата на банкомати, како и можностите за безготовинско плаќање во продажните места.

Пензионерите средствата можат да ги користат и преку електронското и мобилното банкарство на НЛБ Банка.
Банки
Северна Македонија во ноември се приклучува на новата платформа за инстант плаќања во Западен Балкан
Новата платформа TIPS Clone за порамнување на инстант плаќања официјално започна со работа на 20 јули 2026 година, соопшти Банката на Италија. Платформата е развиена за земјите од Западен Балкан и е базирана на истата технологија што ја користи европската инфраструктура TARGET Instant Payment Settlement, позната како TIPS.
Први институции што се приклучија на новиот систем се Централната банка на Босна и Херцеговина и Централната банка на Црна Гора.
Платформата овозможува порамнување на инстант плаќања во реално време во валутите на земјите учеснички, во пари на централните банки, како и во евра преку комерцијални банки. Според Банката на Италија, решението е безбедно, технолошки напредно и економично.
Вториот бран на приклучување е предвиден за ноември 2026 година, кога се очекува кон системот да се приклучат централните банки на Албанија, Косово и Северна Македонија. Со тоа, сите земји кои учествуваат во иницијативата ќе бидат поврзани на платформата.
Иницијативата е започната од Банката на Италија со поддршка на Европската централна банка и Евросистемот, како дел од пошироката соработка со земјите од Западен Балкан.
Целта е модернизација и зголемување на ефикасноста на платежната инфраструктура во регионот, како и нејзино постепено усогласување со европските стандарди.
Иако функционира како самостоен и независен систем, TIPS Clone ја користи истата технологија како европскиот TIPS, што овозможува примена на напредните функционалности на системот и идно воведување на новите технолошки решенија што ќе се развиваат во рамки на Евросистемот.
Од Банката на Италија оценуваат дека стартот на платформата претставува уште еден чекор кон посилна регионална соработка и кон економска и финансиска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.
Извор: Banca d’Italia
Банки
Комерцијална банка со специјални попусти и бонуси со Mastercard Skopje City Mall картичката
Комерцијална банка АД Скопје ја промовира Mastercard Skopje City Mall кредитната картичка, која на корисниците им овозможува дополнителни поволности при купување во избрани продавници во Skopje City Mall.
Со користење на картичката, корисниците можат да остварат специјални попусти, како и да собираат бонуси при купувањето.
Собраните бонуси потоа можат да се заменат за подарок-картичка, со што корисниците добиваат дополнителна вредност од направените трансакции.

Од Комерцијална банка посочуваат дека Mastercard Skopje City Mall кредитната картичка е наменета за потрошувачите кои сакаат да ги комбинираат редовните купувања со попусти и награди.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни преку официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија





