Банки
„Халкбанк“ и „Литера“ го прославија Светскиот ден на литературата за деца со приказни, смеа и радост во градинката „Пролет“

Во чест на Светскиот ден на литературата за деца, Халкбанк, во соработка со Меѓународниот фестивал за деца „Литера“, ги посети дечињата во градинката „Пролет“ носејќи им ја магијата на приказните.
Во убавата атмосфера на празничниот ден, маскотата Халки ги израдува децата со неверојатни халки пакетчиња, пренесувајќи го духот на добрата приказна и читањето.

Настојувајќи да ги поттикнеме децата на читање и развивање на креативноста, авторката Александра Тодоровиќ им пренесе една особено весела и инспиративна приказна за Халки. Со многу радост и забава, децата се препознаваа во ликовите и одлетаа на крилјата на фантазијата.
„Во Халкбанк сме длабоко посветени на развојот и образованието на децата. Ние веруваме дека секое дете има право на пристап до квалитетно образование и до книги кои носат насмевки на лицата. Со ваквите иницијативи, продолжуваме да ги ослободуваме потенцијалите на децата и да создаваме подобра иднина за нив“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг-комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Оваа инспиративна заедничка акција на „Халкбанк“ и Фестивалот „Литера“ има за цел да ги охрабри малите читатели да истражуваат и да се подготват за предизвиците на светот со најважната алатка – книгите.

Преку различни кампањи и проекти, „Халкбанк“, заедно со маскотата Халки, им носи радост и среќа на децата воведувајќи ги во светот на финансиите и личната одговорност на начин кој е прифатлив и забавен за нив.
Слончето Халки, како симбол на детското штедење, е дел од голем број општествено одговорни проекти на „Халкбанк“. Преку различни настани, работилници и програми, децата учат важни теми како што се здрава животна средина, прифаќање и креативно изразување. Халки е омилен другар на малите, но и на големите деца, поддржувајќи ги во нивните авантури и во развивање на талентите.
Банки
Караван за финансиско советување и забава со НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот во Ист Гејт Мол

Оваа сабота, 31 мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан.
Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20 јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладите и подароци – идеално за целото семејство!

Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.
НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина.
Банки
Халкбанк со предвремена исплата на пензии – секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.
Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани. Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.
Пензионерите – клиенти на Халкбанк, не само што имаат сигурност во исплатата на
пензиите кои ги добиваат предвреме, туку имаат можност да станат корисници на за нив специјално дизајнираниот Пакет за пензионери, кој вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка и е-банкарство без никаков трошок во првата година. Покрај тоа, пакетот вклучува и симболични подароци за сите негови нови корисници.
Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку
Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката.
Халкбанк АД Скопје останува доследна на својата мисија да биде банка која се грижи за сите категории на клиенти, нудејќи финансиски решенија што прават разлика.
Банки
Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности.
Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација. Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството.
Гувернерката посочува дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.
Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици.
Извештајот претставува сведоштво за визијата на Народната банка како независна и стабилна институција, којашто придонесува за одржлива и зелена економија и за подобар живот на граѓаните.
Извештајот за работата на Народната банка во периодот 2018 − 2025 година е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-raboteneto-na-narodnata-banka-vo-periodot-2018-2025-godina.nspx
- Банкипред 4 недели
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 2 месеци
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Советипред 2 месеци
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 1 месец
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 20,1%!
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје во првиот квартал од 2025 година оствари добивка од 13,5 милиони евра!
- Банкипред 1 месец
Централна кооперативна банка АД Скопје: Известување за исплата на пензиите за април 2025 година
- Анализипред 4 недели
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?