Connect with us

Банки

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено

на

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Грција, Кина, Словачка, Словенија, Шведска, Унгарија, Франција, Холандија, Хрватска и Чешка.

Во презентацијата беше посочено дека во октомври годишната стапка на инфлација се сведе на 3,5% (во споредба со истиот месец од претходната година), со што и просечната инфлација за периодот јануари ‒ октомври забави. Очекуваме дека инфлацијата и натаму ќе забавува, а на  среден рок, ако нема нови шокови,  ќе се врати на историскиот просек од 2%. Проекциите за раст на економијата се совпаѓаат со априлските проекции, односно се очекува умерено забавување на економскиот раст во 2023 година и негово постепено засилување во следниот период. Се очекува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 1,9%, додека на среден рок, со подобрувањето на состојбите во надворешното окружување и очекувањата за спроведување на јавните инфраструктурни инвестиции, растот ќе забрза движејќи се во распон од 3 до 4%. Во однос на Надворешната позиција на економијата е значително подобра од очекуваната, во услови на стабилизирање на цените на светските пазари на примарните производи, со позитивен ефект врз девизните резерви коишто и натаму се во сигурната зона, што, пак, придонесува за натамошно јакнење на стабилноста на девизниот курс.

Гувернерката во презентацијата нагласи дека Народната банка, почнувајќи уште од крајот на 2021 година, презема повеќе мерки за стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата, како и на девизниот пазар, преку каматната стапка, инструментот задолжителна резерва, но и преку системски мерки, како што е противцикличниот заштитен слој на капиталот и макропрудентни мерки со кои истовремено се јакне и отпорноста на банкарскиот систем. Таа ја посочи и потребата за водење претпазливи макроекономски политики коишто влијаат врз агрегатната побарувачка, бидејќи глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи. Истакна и дека Народната банка внимателно, на дневна основа, ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти.

Банки

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25 отсто

Објавено

на

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 отсто, по нејзиното зголемување во јуни. Одлуката беше донесена на редовната седница на Извршниот одбор за монетарна политика, одржана на 28 јули, врз основа на најновите макроекономски показатели и процените за ризиците во домашното и меѓународното окружување.

Од централната банка оценуваат дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, имајќи ја предвид и натаму високата неизвесност, особено поради геополитичките тензии, растот на цените на енергентите и можните ефекти врз девизниот пазар и домашната инфлација.

Девизниот пазар од почетокот на мај е стабилен, иако се забележува повисока побарувачка на девизи од компаниите, делумно поради поскапувањето на енергентите. Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале 4,94 милијарди евра и, според Народната банка, се одржуваат во сигурната зона.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 отсто, што е пониско од очекувањата во априлската проекција. Забавувањето главно се должи на поумерениот раст на цените на храната, сезонските фактори и намалувањето на базичната инфлација.

Сепак, од Народната банка посочуваат дека инфлацијата и натаму е на релативно високо ниво, додека увозните цени остануваат нестабилни. Дополнителен ризик претставуваат ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и продолжувањето на војната меѓу Русија и Украина, кои создаваат притисоци врз цените на енергентите и другите примарни производи, како и нарушувања во синџирите на снабдување.

Домашната економија, според оцените на централната банка, продолжува да покажува отпорност. Во првиот квартал од 2026 година, реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесувал 3,1 отсто, а податоците за вториот квартал укажуваат на можно дополнително забрзување на економската активност.

Кредитната поддршка во економијата останува посилна од проектираната, при истовремен раст на депозитната база.

Народната банка најави дека ќе продолжи внимателно да ги следи домашните и меѓународните економски движења и дека е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на денарот, инфлацијата и финансискиот систем.

Продолжи со читање

Банки

„Халк Финфлуенсер“ на Халкбанк со 12 видеа за полесно користење на дигиталните банкарски услуги

Објавено

на

Халкбанк започна нов едукативен видеосеријал со кој на корисниците им ги приближува најчесто користените банкарски услуги достапни преку мобилен телефон.

Серијалот „Халк Финфлуенсер“ содржи 12 кратки видео упатства во кои актерката Дарја Ризова на едноставен начин ги прикажува чекорите за користење на различни функционалности во мобилната апликација на банката.

Целта е корисниците полесно да извршуваат трансакции и други банкарски активности без посета на филијала и без чекање на шалтер. Од Халкбанк посочуваат дека во изминатиот период континуирано го проширувале бројот на достапни дигитални услуги во апликацијата.

Досега се објавени видеа за отворање платежна сметка преку мобилен телефон, префрлање пари со услугата Smart Send и подигнување готовина од банкомат без користење картичка.

Во следните недели се најавени уште девет видеа посветени на банкарски постапки и услуги што можат да се завршат онлајн.

Од банката велат дека преку ваквите содржини сакаат не само да ги информираат корисниците, туку и да придонесат за подобрување на нивните финансиски и дигитални знаења.

Иако онлајн банкарството почесто го користат помладите, Халкбанк со серијалот планира да ги охрабри и повозрасните корисници да ги искористат предностите на дигиталните услуги. Содржините ќе бидат достапни преку социјалните мрежи, како и директно преку филијалите на банката.

Продолжи со читање

Банки

Орлин Георгиев Ваташки повторно именуван за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Објавено

на

Орлин Георгиев Ваташки повторно ќе биде член на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, откако Народната банка на Република Северна Македонија издала претходна согласност за неговото именување.

Како што информираат од Универзална Инвестициона Банка, согласноста е издадена со решение на Извршниот одбор на Народната банка од 24 јули 2026 година.

Ваташки е именуван за член на Управниот одбор на банката за период од две години, сметано од денот на приемот на решението.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација и се однесува на измени во органите на управување и надзор на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange