Продукти
Кредитна линија на Комерцијална банка за развој и зелена транзиција на вашиот бизнис
Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании.
Комерцијална банка нуди финансиска поддршка на среден или на долг рок за вашите инвестиции во основни и во трајни обртни средства и во зелена транзиција. Искористете ја можноста и поттикнете го развојот на вашата компанија со кредити со атрактивни услови:
- Износ на кредит до 6.000.000 евра,
- Каматна стапка 3,5 %,
- Рок на отплата до 12 години,
- Можност за грејс период до 2 години.
Средствата се обезбедени од кредитната линија од Европската инвестициона банка, реализирана преку Развојната банка на Северна Македонија.
На секој бизнис му треба поддршка, а Комерцијална банка е тука да ви помогне да ја изберете вистинската.
Повеќе информации се достапни на следниот линк.
Банки
Ексклузивно: Комерцијална банка и Visa те носат во Барселона на средба со Ламин Јамал
Плаќај со Visa картичките од Комерцијална банка и собирај шанси за незаборавно фудбалско искуство во Барселона. Започна наградната игра на Комерцијална банка која носи ексклузивна можност за две лица – запознавање и дружење со светски познатата фудбалска ѕвезда Ламин Јамал и присуство на фудбалски натпревар на ФК Барселона на стадионот Капм Ноу.
Во периодот до 31 октомври 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature или Visa Gold картичка од Комерцијална банка носи една шанса (еден код) за освојување на наградата. А, секоја трансакција со Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носи двојна шанса затоа што се добиваат два кода.
Можност за учество во наградната игра „Плаќај со Visa и запознај се со Ламин Јамал“ добиваат и сите нови корисници на Visa картички од Комерцијална банка, кои со секоја нова активирана Visa картичка автоматски добиваат еден код.
Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за освојување на оваа награда која на еден среќен добитник и негов придружник ќе им овозможи да доживеат нешто што ретко кој фудбалски навивач може да го искуси – средба лице в лице со една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот и ексклузивно спортско патување во Барселона.
Извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3 ноември 2026 година.
Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.
Банки
Халкбанк со нов дизајн на електронското банкарство за правни лица
Халкбанк А.Д. Скопје воведува нов и модерен дизајн на платформата за електронско банкарство за правни лица, со цел подобро корисничко искуство и полесно користење на услугите.
Редизајнираната платформа од 2 септември 2026 година е достапна во првата фаза за клиентите кои пристапуваат преку WEB.
За корисниците кои се најавуваат преку десктоп апликацијата, редизајнот ќе се имплементира автоматски во текот на наредниот месец.
По имплементацијата, за користење на платформата преку десктоп апликацијата ќе биде потребен оперативен систем Windows 10 или понов, додека најавата со USB токен ќе се врши исклучиво преку десктоп апликацијата.

Актуелниот дизајн ќе остане достапен паралелно до 6 октомври 2026 година, по што корисниците автоматски ќе бидат пренасочени кон новата верзија.
Од Халкбанк информираат дека со новиот изглед се воведуваат и унапредувања во функционалностите, а на клиентите им е достапно и корисничко упатство со дополнителни информации.
Банки
Кристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
Преку проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, локалните претприемачи добиваат можност полесно да ја модернизираат наплатата и да се приклучат кон дигиталната економија.
Дигиталните плаќања сè повеќе стануваат секојдневна потреба за малите и средните претпријатија. Брзината, едноставноста и безбедноста при наплатата денес се важни не само за корисничкото искуство, туку и за конкурентноста и растот на компаниите.
Во таа насока, проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, реализиран во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa, носи конкретна поддршка за локалните бизниси. Преку проектот, 100 одбрани компании ќе добијат бесплатно Soft POS решение, од кои 50 ќе бидат обезбедени од НЛБ Банка.
Со NLB Smart POS, трговците можат да прифаќаат безготовински плаќања директно преку мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. Решението е едноставно за користење, овозможува поголема мобилност и им помага на малите бизниси да ја модернизираат наплатата без високи почетни трошоци.
„Дигитализацијата денес е составен дел од современото деловно работење. Со NLB Smart POS, современата технологија станува подостапна за поширок круг трговци, особено за малите и микро бизниси, кои на овој начин добиваат практична алатка за побрза, побезбедна и поефикасна наплата“, вели Кристина Трпезановска, директор на Секторот за управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси во НЛБ Банка во интервју за „Економија и Бизнис“.
NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, што ја прави особено погодна за малите трговци, доставувачи, услужни дејности и бизниси кои работат и надвор од класична продажна локација.
Интересот за ова решение континуирано расте. Во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, а прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека безготовинските плаќања се реална потреба и важен дел од модерното работење на компаниите.
Покрај бесплатниот Soft POS, проектот обезбедува и дополнителни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. Пријавувањето трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Проектот е дел од пошироката заложба за развој на дигиталната економија и проширување на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања. Со вакви иницијативи, НЛБ Банка ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите во нивниот раст, дигитална трансформација и приспособување кон современите потреби на пазарот.
Битола и битолскиот регион, препознатливи по претприемачкиот дух и локалните брендови, преку овој проект добиваат дополнителен поттик за модернизација на наплатата и ширење на дигиталните платежни навики.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





