Банки
БЕСПЛАТЕН Vibe on пакет за млади на Шпаркасе Банка
Младите се двигатели на општеството, креатори на општествената култура, лидери на утрешниот ден и економскиот мотор на денешницата. Шпаркасе Банка водена од нејзината корпоративна стратегија, силно се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет и финансиска стабилност.
Шпаркасе Банка како доверлив финансиски партнер креираше пакет за млади насловен како „Vibe on“ кој е целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години.
Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ и „Vibe on“ пакетот за млади, Шпаркасе банка ја потврдува заложбата за инвестирање во младите – на денешната младина и е потребна финансиска слобода и енергичен начин на живот за да ги постигнат своите цели. Оваа кампања е уште една потврда за младите кои знаат што сакаат и го трансформираат општеството на свој начин.
Бесплатниот „Vibe on“ пакет за млади е прилагоден да ги задоволи потребите на новите генерации и нивните уникатни аспирации. Пакетот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 25 години, вклучува бесплатно месечно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење на С-Банка мобилна апликација и сите услуги кои се достапни преку апликацијата, односно плаќање, користење на услугата Плати на пријател и Подели сметка, како и 2 бесплатни подигнувања на готовина на АТМ од било кој АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе Банка).
Со оваа кампања, Шпаркасе Банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.
Аплицирај уште денес за БЕСПЛАТЕН „Vibe on“ пакет, уживај во придобивките и движи во ритамот на твојата нова „Vibe on“ картичка.
За животен стил на свој начин.
#ШпаркасеБанка #ВерувајВоИднината
Банки
АЛТА банка започна спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром
Од АЛТА банка посочуваат дека партнерството со еден од најпознатите македонски кошаркарски клубови е дел од нивната заложба за поддршка на спортот и вредностите што тој ги промовира.
„Со задоволство ја започнуваме нашата спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром – клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка“, наведуваат од банката.
Оттаму додаваат дека поддршката на спортот ја гледаат како поддршка на посветеноста, тимскиот дух, дисциплината и стремежот кон подобри резултати.
Целта, како што истакнуваат од АЛТА банка, е партнерството да биде повеќе од класично спонзорство и да создава дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на банката и пошироката заедница.
„Со заедничка енергија – кон нови успеси“, порачуваат од АЛТА банка по повод почетокот на соработката со МЗТ Скопје Аеродром.
Банки
НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%
Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).
Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.
Банки
Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка
Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.
Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.
Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.
Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





