Банки
Соработка со Хрватската народна банка како дел од Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан насочена кон интеграцијата во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)
Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, насочена кон исполнувањето на критериумите и условите за интеграција во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), Народната банка ја оствари билатералната мерка за запознавање со Правилата на Европската централна банка за сметководствено евидентирање и финансиско известување на ЕСЦБ.
Првата експертска мисија за билатералната мерка којашто се одржа во периодот од 4 до 6 октомври 2023 година, беше водена од двајца експерти од Хрватската народна банка. Главната цел на мисијата е да се сподели и да се продлабочи знаењето на експертите од НБРСМ за потребните подготвителни активности за воведувањето на сметководствените политики во согласност со Правилата за сметководствени политики на ЕЦБ (ECB Accounting Guideline), да се разгледаат практичните примери за спроведување на сметководствените политики и предизвиците во финансиското известување од влезот во Европската Унија.
Беа обработени повеќе области меѓу кои: сметководствената евиденција и системот на финансиско известување во Хрватската народна банка, законските решенија поврзани со капиталот и резервите, вреднувањето на позициите од билансите и нивна презентација во согласност со сметководствените правила на Европската централна банка и разликите во однос на Меѓународните стандарди за финансиско известување – МСФИ, развивањето софтверски решенија, како и процесот на паралелно водење на сметководството на двата начина и известувањето во периодот пред приклучувањето на Хрватската народна банка во Евросистемот.
Стекнатите сознанија од соработката со експертите на Хрватската народна банка, кои безрезервно ги споделија своите знаења, искуство и воспоставените практики, се од големо значење за НБРСМ во процесот на спроведување на подготвителните активности за примена на Правилата за сметководствени политики на ЕЦБ.
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија

