Connect with us

Банки

Комерцијална банка го одбележа Меѓународниот ден на вештините на младите – ги учиме младите за создавање здрава финансиска иднина

Објавено

на

Иднината останува на младите, а обврската за создавање нивна просперитетна иднина е на сите нас. Таа обврска е препознаена и прифатена од Комерцијална банка како дел од цеколкупното корпоративно и општествено одговорно дејствување на Банката.

И кога светот го одбележа Меѓународниот ден на вештините на младите, 15 јули, Комерцијална банка на свое задоволство даде уште еден свој придонес за едукација и подготвување на младите за квалитетен живот и здрава финансиска иднина.

Вработените во Комерцијална банка беа дел од Младинскиот камп, за младите кои се во социјален ризик и се во системот на СОС Детско село, и им пренесоа знаење и вештини кои ќе им помогнат да ги подобрат својата финансиска писменост и вештините за успех. Процесот на учење и запознавање со светот на финансиите веќе го поминаа 30 младинци во рамките на проектот „Младите можат“ на СОС Детско село, кој е поддржан од Комерцијална банка.

Светот во кој живееме постојано се менува, а иднината станува уште подинамична. Оттука произлегува и одговорноста на Комерцијална банка да ги подготви младите со вештини и можности да градат просперитетен и одржлив свет за сите.

Комерцијална банка е горда што помага заедно да се создаде посветла иднина.

Банки

Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија

Објавено

на

Како дел од својата мисија да биде активен поддржувач на културата во Македонија, Халкбанк постојано стои зад најразлични настани кои придонесуваат за нејзин развој. Од културни проекти до концерти кои се оганизираат под нејзино покровителство или со нејзина помош, банката на овој начин придонесува за збогатување на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз потврдувајќи ја својата улога на поддржувач на културата во земјата.

Во рамките на ваквата поддршка, оваа есен, банката е спонзор на концертот на музичката дива Калиопи, кој ќе се одржи на 19 октомври во Арена Борис Трајковски. За вљубениците во музиката и во прекрасниот вокал на Калиопи, Халкбанк во пресрет на концертот, организира интересен предизвик кој дава шанса да се освојат ВИП карти за концертот и лична средба со Калиопи зад сцената.

Со креирање на своја верзија на една од нејзините најпознати песни, „Месечина“, учесниците во предизвикот, имаат можност да се забавуваат, да се присетат на најголемите нејзини хитови и да уживаат во уникатно концертно искуство, што вклучува ВИП карта и средба со пејачката зад сцената.

Со континуирана поддршка на културните настани, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиски партнер – таа е вистински соработник на уметниците и креаторите на културата, секогаш стремејќи се да ги оплемени животите на луѓето во заедницата.

Продолжи со читање

Банки

Соработка на Народната банка со Банката на Португалија во Програмата на ЕУ за зајакнување на системите за известување податоци

Објавено

на

Во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ, започна спроведувањето на билатералната мерка помеѓу Банката на Португалија (БП) и Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). Главната цел на билатералната мерка е зајакнување на институционалниот капацитет за понатамошен развој на тековниот проект за интегриран систем за известување податоци за банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели (ИСИДОРА).

Експерти од БП и претставници од различни организациски единици на Народната банка се состанаа во Скопје на првата последователна мисија. Експертската мисија беше фокусирана на споделување на искуството на БП со Програмата за интегрирано управување со податоците, во однос на нивниот модел на управување со податоците, улогите и одговорностите, подобрување на писменоста за податоците преку училиштето за податоци, воспоставување склад на податоци и архитектура на податоци, каталог на податоци и слично. Експертите од БП активно ги споделија своите знаења и искуства за процесот на спроведување и најдобрите практики во доменот на управувањето со податоците во областа на статистиката, што ќе бидат корисни насоки за понатамошните проектни активности на НБРСМ.

Втората фаза од оваа Регионална програма финансирана од ЕУ започна во септември 2022 година. Оваа тригодишна програма ја спроведува Бундесбанката како нејзин координатор, во партнерство со деветнаесет централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Европската унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра за Програмата од нејзиниот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка од 6% на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.

Исплатата на камата ќе се изврши на 24.10.2024 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.10.2024 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 21 и 22 Октомври 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 180 и 181 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Октомври ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Октомври 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Продолжи со читање

Популарно