Connect with us

Банки

„Плати на пријател“ само со телефонски број – Нова опција во мБанка на Комерцијална банка

Објавено

на

Со пријател и со мБанка е лесно – сега префрли пари на пријател само со избор на телефонски број.

Комерцијална банка ја овозможи новата дигитална услуга „Плати на пријател“ за да обезбеди нови привилегии и неограничени можности за корисниците на мобилната апликација мБанка.

„Плати на пријател“ опцијата ти овозможува брзо и лесно префрлање или примање парични средства од пријател со сметка во Комерцијална банка без трошоци, за само неколку секунди и само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик.

Новата можност во мБанка е достапна за сите корисници на опцијата „вршење трансакции“ во најновата верзија на мобилната апликација. Сѐ што е потребно за прием на средства е да го пријавиш својот телефонски број во регистарот на мБанка.

Комерцијална банка, како докажан врвен иноватор на полето на дигиталните услуги, со „Плати на пријател“ додава уште една привилегија во палетата можности што ги имаат нејзините клиенти. Дигиталните услуги на Комерцијална банка се едноставни, безбедни и ефикасни со цел да ти овозможат лесни и брзи финансиски трансакции и максимално корисничко задоволство.

Преку мобилната апликација мБанка имаш пристап до голем број банкарски услуги од твојот мобилен телефон или таблет, 24 часа на ден – увид во состојбата на платежните сметки, штедни влогови, платежни картички, кредитни партии, а можеш да вршиш и плаќање и пренос на средства. мБанка ти овозможува онлајн аплицирање за потрошувачки кредит, промена на дневни и месечни лимити за трансакции со картички, ажурирање лични податоци и уште многу други услуги.

Повеќе информации за „Плати на пријател“ и за мБанка се достапни на следниот линк.

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.

Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво

Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.

Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.

Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange