Банки
Вработени во Комерцијална банка со четири злата на игрите „Бофосијада 2023“
Благодарејќи на силниот тимски и спортски дух успешните резултати на Синдикалната организација на Комерцијална банка беа неминовни и на Меѓународните банкарски игри во организација на БОФОС (Синдикатот на финансиски и осигурителни друштва на Србија), кои годинава се одржаа во Охрид.
Тимот на Комерцијална банка, кој броеше 16 членови, ги освои златните трофеи во три екипни дисциплини – куглање – жени, одбојка – мажи и пикадо -мажи. Второ место освои КБ тимот во куглање – мажи и во трка со педалинки – мешан тим, а трето во влечење јаже – мажи.
Со медали во поединечна конкуренција се закитија и нашите колеги Милена Петрески (прво место во куглање), Славко Стефанов (второ место во куглање), Соња Филиповска (второ место во куглање) и Звонко Волчевски (трето место во пикадо).
Комерцијална банка се гордее со секој успех на своите вработени затоа што тој е резултат и доказ на нивната силна посветеност и професионалност, вредности што се секојдневие и во нивното професионално работење.
Банки
Голема промена во плаќањата: Од 1 ноември IBAN стандардот станува задолжителен и за трансакциите во Македонија
Советот на Народната банка ги разгледа најновите макроекономски показатели, според кои домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување, а најновите показатели за домашната економска активност засега се малку поповолни.
Расположливите високофреквентни податоци на страната на понудата упатуваат на забрзување на економскиот раст во вториот квартал, при силен раст на градежништвото, раст на индустриското производство и реалниот промет во угостителството и при стабилни движења кај вкупната трговија. Инфлацијата забавува и е во рамките на очекувањата на Народната банка. Ризиците од надворешното окружување и натаму се оценуваат како неповолни.
На крајот на јуни 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 4.936,4 милиони евра и се одржува во сигурната зона. Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност, при што кредитната поддршка е посилна од очекувањата.
На седницата, Советот ја донесе Одлуката за водечкиот број на давателите на платежни услуги и стандардите за конструкција на платежните сметки, со која се унапредува постојната регулативна рамка во согласност со развојот на платните системи и примената на меѓународните стандарди и се врши нејзино хармонизирање со стандардите коишто се применуваат во областа на СЕПА.
Важна новина е задолжителната употреба на стандардот ИБАН како единствена идентификациска ознака на платежната сметка при извршувањето на националните платежни трансакции. Од 1 ноември 2026 година, националните платежни трансакции ќе се иницираат, ќе се обработуваат и ќе се извршуваат со користење ИБАН, со што се обезбедува усогласен и стандардизиран начин на идентификација на платежните сметки во националниот и во прекуграничниот платен промет.
Банки
Гувернерот на Банката на Англија предупредува: Новите модели на вештачка интелигенција се ризик за глобалната финансиска стабилност
Најнапредните модели на вештачка интелигенција би можеле значително да ги зголемат сајбер-ризиците и да предизвикаат нарушувања на глобалните финансиски пазари, предупреди гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли.
Во писмо до министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г20, Бејли наведува дека таканаречените „frontier AI“ модели покажуваат сè поголема автономија, способност за решавање сложени проблеми и потенцијал за создавање нови закани.
Бејли, кој воедно е претседател на Одборот за финансиска стабилност, оцени дека влијанието на најнапредната вештачка интелигенција врз сајбер-безбедноста е најнепосредниот ризик за финансискиот систем.
Според него, напредната вештачка интелигенција може значително да ги промени брзината, обемот и трошоците за спроведување сајбер-напади, што би можело да ја поткопа довербата во финансиските пазари, особено поради големата зависност од мал број надворешни технолошки провајдери.
Тој предупредува и дека голем број држави сè уште немаат воспоставено соодветни протоколи за развој, објавување и употреба на најмоќните модели на вештачка интелигенција, со што дополнително се зголемуваат ризиците за финансискиот сектор.
Бејли смета дека финансиските институции и технолошките компании ќе мора да ги зајакнат системите за откривање и отстранување на ранливости, како и капацитетите за одговор и закрепнување по евентуални напади.
Според него, компаниите треба да бидат подготвени и за потешки сценарија во кои истовремено би можело да дојде до прекин на работата на повеќе финансиски институции или заеднички технолошки системи.
Покрај ризиците поврзани со вештачката интелигенција, Бејли посочи и на слабостите на пазарите на државен долг, зголеменото задолжување на инвеститорите на берзите и високите вреднувања на финансиските средства, особено на инвестициите поврзани со вештачката интелигенција.
Предупредувањето доаѓа во пресрет на состанокот на Г20 во Северна Каролина, каде министри за финансии, гувернери на централни банки и други високи претставници ќе разговараат за клучните глобални економски предизвици.
Извор: CNBC
Банки
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за август започнува на 1 септември
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во вторник, 1 септември.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.
За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 септември и во секој работен ден после тоа..
Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на нивната веб-страница.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес








