Connect with us

Банки

Повеќе од успешно – три први и пет втори места за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Со три злата, пет сребра и две бронзи вработените на Комерцијална банка повеќе од успешно го завршија својот настап на годинашните Банкарски спортски игри.

Со овие подвизи КБ тимот се искачи на делба на одличното второ место во генералниот пласман на игрите во Охрид.

Пехарите и медалите се потврда на силниот тимски дух и на заедничката желба за победа на КБ тимот. Амбициозноста и посветеноста како одлика на вработените во Комерцијална банка секогаш придонесуваат за врвни резултати.

Во конкуренција на 15 финансиски институции, претставниците на Комерцијална банка беа најдобри во одбојка мажи, куглање жени и пикадо жени, а второ место освоија во куглање мажи, пикадо мажи, баскет жени, тенис жени и во шах. За бронза се изборија натпреварувачките во одбојка и во пинг понг.

Честитки до КБ тимот за одличните резултати!

Банки

АЛТА банка започна спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром

Објавено

на

Од АЛТА банка посочуваат дека партнерството со еден од најпознатите македонски кошаркарски клубови е дел од нивната заложба за поддршка на спортот и вредностите што тој ги промовира.

„Со задоволство ја започнуваме нашата спонзорска соработка со КК МЗТ Скопје Аеродром – клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка“, наведуваат од банката.

Оттаму додаваат дека поддршката на спортот ја гледаат како поддршка на посветеноста, тимскиот дух, дисциплината и стремежот кон подобри резултати.

Целта, како што истакнуваат од АЛТА банка, е партнерството да биде повеќе од класично спонзорство и да создава дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на банката и пошироката заедница.

„Со заедничка енергија – кон нови успеси“, порачуваат од АЛТА банка по повод почетокот на соработката со МЗТ Скопје Аеродром.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%

Објавено

на

Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).

Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.

Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.

Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.

Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange