Connect with us

Останато

Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии

Објавено

на

Експерти од Трезорот на САД ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор.

Како што соопшти Министерството за финансии, експертите кои ќе работат со колегите од трезорот, ќе дадат поддршка во области како формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.

Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на своите капацитети да придонесува кон унапредување во управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе се потпишат договори за експертска поддршка и во други две сфери, стои во соопштението на Министерството.

Минатата година со носењето и почетокот на имплементацијата на новиот Закон за буџети, започна најголемата реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата, која предвидува интегрираностна финансисиите, индикатори на успех, и управување со финансиите водено од резултати, додаваат од Министерството.

Останато

ХРВАТСКА НАЈАВУВА ГОЛЕМА ДАНОЧНА РЕФОРМА – ќе се воведува данок за празни танови и викендици

Објавено

на

Во Хрватска во 2025 година ќе има даночни реформи во данокот за недвижнини.

Од 2025 година ќе се воведе данок на недвижен имот во кој не се живее, а се издава на краткорочна основа за време на туристичката сезона. Нема да го плаќаат оние кои живеат во имотот или го издаваат на долгорочна основа.

Хрватскиот министер за финансии Марко Приморац истакна дека дополнителен данок нема да плаќаат оние кои живеат во имотот или кои имотот го издаваат под закуп повеќе од 10 месеци годишно. Сите останати треба да го добијат новиот закон.

„Оние кои ќе ги изнајмуваат недвижностите помалку од 10 месеци, или оние за кои наемот ќе биде краткорочен или ќе биде празна, тогаш ќе се плаќа поголем данок“, изјави Марко Приморац.

Хрватските медиуми пренесува дека данокот за недвижности ќе се движи од 1 до 10 евра по метар квадратен, и ќе го одредува единицата за локална самоуправа. Тоа значи дека сопственик на викендица од 100 квадрати, годишно може да плаќа и до 1000 евра данок.

Ова доаѓа како резултат на тоа што 40 проценти од 2 милиони станбени единици во Хрватска се празни.

Продолжи со читање

Останато

Во тек е исплата на парите од “Мој ДДВ” – граѓаните ќе ги имаат парите на своите сметки до крајот на неделава!

Објавено

на

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела, извести УЈП.

„Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата.

Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација.

Апелираме до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата лична трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот!“, соопшти УЈП.

Продолжи со читање

Останато

Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август

Објавено

на

Управата за јавни приходи информира дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.

Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ

По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.

Продолжи со читање

Популарно