Connect with us
no baners

Банки

Благоја Устијаноски именуван за нов член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје соопшти дека Благоја Устијаноски официјално ја презел функцијата член на Управниот одбор на Банката.

Со неговото назначување, Управниот одбор ќе работи во проширен состав од пет члена, со цел дополнително зајакнување на капацитетите за спроведување на стратешките приоритети и понатамошен развој на институцијата.

Во рамки на новата функција, Устијаноски ќе биде одговорен за работењето на Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари.

Тој има повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор. Кариерата ја градел во Охридска Банка АД Скопје, членка на групацијата Société Générale, а по интеграцијата со Шпаркасе Банка во 2021 година ја извршува функцијата директор на Секторот за корпоративни клиенти.

Од Банката посочуваат дека во изминатите години дал значаен придонес во растот на корпоративното портфолио, развојот на односите со клиентите и зајакнувањето на пазарната позиција на Шпаркасе Банка.

„Ова назначување е уште една потврда на нашата посветеност кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови. Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за понатамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката“, соопштија од Шпаркасе Банка.

Од институцијата му посакаа успех на Устијаноски во новата улога.

Банки

Стопанска банка и Mastercard со наградна игра: Главна награда еден милион денари

Објавено

на

Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари.

Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 денари.

Дополнителна можност за добивка имаат корисниците кои плаќаат преку дигиталните сервиси Google Pay и Apple Pay, бидејќи на тој начин добиваат двојна шанса за учество во наградната игра.

Кампањата се реализира во соработка со Mastercard, а од Стопанска банка ги повикуваат клиентите да ги користат своите картички при секојдневните плаќања и да ја искористат можноста за освојување вредни парични награди.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги награди младите љубители на книгата со штедни книшки „Верверичка“

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат.

Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со подарок депозит од по 10.000 денари, второ наградените по 6.000 денари, а третонаградените по 4.000 денари. Наградата штедна книшка „Верверичка“ има посебна симболика бидејќи е прв чекор и кон развивање здрави финансиски навики.

Со оваа поддршка, Комерцијална банка го наградува нивниот труд и успех, но и активно придонесува за развој на квалитетно образование, критичко размислување и љубов кон пишаниот збор.

„Веруваме дека книгата има моќ да ги насочи децата кон знаење, љубопитност и размислување, наместо кон прекумерна изложеност на социјалните мрежи. Остануваме посветен партнер на иницијативите што ги инспирираат младите да учат и да создаваат и продолжуваме да инвестираме во нивната иднина“, истакнуваат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Стојаноски од НЛБ Банка: Производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но македонските компании мора да инвестираат во дигитална трансформација и одржливост

Објавено

на

Членот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бојан Стојаноски, учествуваше на панел-дискусијата „Производство со висока додадена вредност за извозните пазари“, одржана во рамки на конференцијата „IFC Day in North Macedonia“, организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.

Во своето обраќање, Стојаноски истакна дека производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, но дека за нивниот понатамошен развој се потребни современи финансиски решенија кои, покрај инвестициите во производствени капацитети, ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста и зголемувањето на конкурентноста.

„Нашата цел е да им помогнеме на компаниите да бидат поконкурентни, попродуктивни и подобро поврзани со европските производствени и добавувачки синџири. Денес не е доволно само да се финансираат производствени капацитети, туку потребни се решенија што ќе ја поддржат дигитализацијата, одржливоста, енергетската ефикасност и долгорочниот развој“, истакна Стојаноски.

Тој посочи дека НЛБ Групацијата е меѓу лидерите во одржливото финансирање во регионот, со околу 1 милијарда евра инвестирани во зелени обврзници, додека НЛБ Банка Скопје преку своето портфолио на зелени кредити активно ги поддржува инвестициите на клиентите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

Стојаноски се осврна и на придобивките од приклучувањето кон СЕПА, оценувајќи дека побрзите и поефикасни плаќања дополнително ќе ја зајакнат конкурентноста на македонските извозно ориентирани компании и нивната интеграција на регионалните и европските пазари.

Фото: Томислав Георгиев

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange