Connect with us
no baners

Банки

Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците

Објавено

на

Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје.

Банки

НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно

Објавено

на

NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.

Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.

Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.

Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.

„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.

Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.

„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Банки

Нова централна филијала за ново поглавје во работењето на Стопанска банка

Објавено

на

Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.

Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно современобанкарско искуство. Со впечатлив ентериер, топла и пријатна атмосфера и концепт што поттикнува природна и непосредна комуникација меѓу клиентите и вработените, се создава амбиент во кој клиентите се чувствуваат добредојдено и удобно уште при првиот чекор.

Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица. Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор каде клиентите можат да добијат поддршка и практична обука за користење на бесплатните АТМ услуги на Банката. Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати, овозможувајќи им на клиентите брз и едноставен пристап до основните банкарски услуги во секое време.

Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории. На овој начин, клиентите на Стопанска банка на едно место добиваат комплетна финансиска услуга – од секојдневно банкарство до инвестициски и брокерски активности.

Нашата цел беше да создадеме простор кој нема да биде само класична банкарска филијала, туку место каде што клиентите ќе се чувствуваат добредојдено, пријатно, ќе добијат персонализирана услуга и ќе можат полесно и побрзо да ги користат современите банкарски решенија. Новата централна филијала е одраз на тоа како ние во Стопанска банка го гледаме и практикуваме модерното банкарство – отворено, достапно и ориентирано кон потребите на клиентите и современите трендови” – изјави Татјана Калајџиева, сениор директор за продажба и мрежа на филијали. 

Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange