Бизнис
Триглав пензиско друштво АД Скопје ја реализираше петтата емисија на акции вредна 1 милион евра
Триглав пензиско друштво АД Скопје успешно ја реализираше петтата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, со која се изврши зголемување на основната главнина на Друштвото.
Емисијата, одобрена од Комисијата за хартии од вредност, опфати издавање на 20.000 обични акции со номинална вредност од 50 евра по акција во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка, односно вкупна вредност од 1 милион евра.
По реализацијата, вкупниот капитал на Друштвото изнесува 8,356 милиони евра, додека бројот на акции се зголеми на 167.120 обични акции.
Сите акции од емисијата се запишани од институционалниот инвеститор и единствен акционер – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, кој останува сопственик на 100% од акционерскиот капитал.
Со оваа транскација се потврдува континуираната финансиска поддршка и стратешката определба за развој на друштвото во рамки на групацијата.
Банки
НЛБ Банка: Лизингот на возила сè попопуларен избор за граѓаните и бизнисите
Лизингот на возила станува сè почест избор кај физичките и правните лица кои сакаат брзо и флексибилно решение за набавка на ново или користено возило. Овој финансиски модел нуди едноставен процес, прилагодени услови и разновидни опции за финансирање.
Од НЛБ посочуваат дека постапката за одобрување е брза и едноставна – клиентите избираат возило, поднесуваат барање и добиваат понуда во краток рок. Во понудата се вклучени различни типови возила, од патнички автомобили до комерцијални возила, камиони, автобуси и трактори.
Лизингот нуди можност за избор помеѓу финансиски и оперативен модел. Кај финансискиот лизинг, корисникот по истекот на договорот може да стане сопственик на возилото, додека кај оперативниот лизинг возилото се користи за одреден период, по што се враќа на давателот.
Флексибилноста на месечните рати и можноста за прилагодување според финансиските можности го прават овој модел атрактивен и за поединци и за компании. Дополнително, ваквиот начин на финансирање им овозможува на бизнисите полесно да го обноват својот возен парк без големи почетни инвестиции.
Со ваквите поволности, лизингот се позиционира како практично решение за оние кои сакаат пристап до возило со помал финансиски товар и поголема флексибилност.
Бизнис
„Тетекс“ ќе исплати дивиденда, акционерите добиваат по 55,56 денари за акција
Компанијата Тетекс донесе одлука за распределба на дивиденда во вкупен износ од 21,6 милиони денари, со што акционерите ќе добијат по 55,56 денари бруто по акција.
Според усвоената одлука на акционерското собрание, дивидендата претставува 1,795 проценти од номиналната вредност на акцијата. Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 8 мај, додека од 11 мај акциите ќе се тргуваат без право на исплата. Правото на дивиденда се стекнува на 12 мај, а исплатата ќе се реализира во законски предвидениот рок.
Во одлуката се наведува дека учеството во добивката на извршните директори ќе се пресметува само од делот што останува по издвојувањето на законските и статутарните резерви, во согласност со договорите и важечката регулатива.
Минатата година „Тетекс“ оствари добивка од 66,2 милиони денари. Покрај средствата наменети за дивиденда, околу 3,3 милиони денари ќе бидат издвоени за законски резерви, додека 41,3 милиони денари ќе останат како нераспределена добивка.
Бизнис
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција.
Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза.
За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај.
Од компанијата наведуваат дека растот на дивидендата е поддржан од подобрените финансиски резултати, при што нето-добивката во 2025 година изнесува 2,5 милијарди денари, што е зголемување од 13 проценти на годишно ниво.
Акциите на Македонски Телеком на Македонска берза во средата се тргувале по просечна цена од 500 денари, покажуваат последните достапни податоци.
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата




