Connect with us
no baners

Берза

Цената на нафтата повторно расте поради тензиите на Блискиот Исток, пазарите внимателни пред одлуките на централните банки

Објавено

на

Цената на нафтата порасна на почетокот на неделата поради неизвесноста околу мировните преговори меѓу САД и Иран, што ги зголеми стравувањата од можни нарушувања на извозот на енергија од Блискиот Исток.

Фјучерсите за суровата нафта од типот „Brent“ пораснаа за повеќе од два проценти, достигнувајќи тринеделен максимум од 107,97 долари за барел во азиската трговија. Порастот на цената ја засили загриженоста за инфлациските притисоци и ги намали очекувањата за намалување на каматните стапки на развиените пазари оваа година.

Во меѓувреме, глобалните берзи покажаа флуктуациски движења. Фјучерсите на индексот „S&P 500“ останаа релативно стабилни, додека пазарите во Азија ги следеа рекордните нивоа на Волстрит, поттикнати од нов бран оптимизам околу инвестициите во вештачка интелигенција.

Инвеститорите внимателно ги следат и претстојните состаноци на централните банки, вклучително и Федерални резерви, Европска централна банка и Банка на Јапонија.

Пазарите, исто така, се фокусирани на состојбата во Ормутски теснец, клучна поморска рута низ која минува значителен дел од светскиот извоз на нафта и гас.

Во меѓувреме, просечната цена на течниот природен гас (LNG) за испорака во североисточна Азија за јуни достигна 16,70 долари за милион британски термални единици, што е околу 61 процент над нивото пред почетокот на конфликтот.

Аналитичарите на „Goldman Sachs“ ја зголемија прогнозата за цената на нафтата од типот Brent на крајот на годината на 90 долари за барел, предупредувајќи дека евентуалното намалување на глобалните залихи би можело да доведе до нагли ценовни скокови.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа планираното патување на американската делегација во Исламабад, иако дел од инвеститорите беа охрабрени од извештаи дека Иран е подготвен да разговара за отворање на Ормутскиот теснец.

Берза

Златото го губи својот сјај: Инвеститорите се повлекуваат додека растат очекувањата за повисоки каматни стапки во САД

Објавено

на

Цената на златото забележа пад во петокот и се движи кон неделна загуба, додека инвеститорите внимателно ги следат геополитичките тензии на Блискиот Исток и очекувањата за идната монетарна политика на американските Федерални резерви.

Спот-цената на златото се намали за 0,6% и изнесуваше 4.445,51 долари за унца, при што благородниот метал е во насока да ја заврши неделата со загуба од околу 2%. Во исто време, фјучерсите на златото во САД за августовска испорака се намалија за 0,7% на 4.471,70 долари за унца.

Пазарите остануваат под влијание на неизвесноста околу конфликтите на Блискиот Исток, но и на сигналите од претставниците на Федералните резерви дека каматните стапки би можеле да останат повисоки подолг период со цел да се контролира инфлацијата.

Повисоките каматни стапки традиционално вршат притисок врз цената на златото, бидејќи металот не носи каматен принос и станува помалку атрактивен во споредба со другите финансиски инструменти.

Инвеститорите сега го насочуваат вниманието кон новите економски податоци од САД, кои би можеле да дадат појасна слика за идните потези на Федералните резерви и за понатамошното движење на цената на златото на светските пазари.

Продолжи со читање

Берза

Пад на ликвидноста, раст на блок-трансакциите: Што покажуваат бројките од месечниот билтен за месец мај на Македонска берза?

Објавено

на

Месечниот статистички билтен на Македонска берза за мај покажува намалена трговска активност и благо повлекување на инвеститорите во однос на април. Пазарната капитализација на котираните друштва изнесуваше 347,6 милијарди денари и забележа месечен пад од 1,47%, додека берзанскиот индекс МБИ10 се намали за 1,76% и месецот го заврши на ниво од 9.766,03 поени.

Вкупниот промет достигна 308,1 милиони денари, што претставува намалување од високи 17,70% на месечно ниво. Пад е забележан и кај бројот на реализирани трансакции, кои изнесуваа 1.307 или 15,51% помалку во споредба со претходниот месец. Особено се издвојува намалувањето на прометот во класичното тргување, кој се намали за 20,11% и изнесуваше 282,1 милиони денари.

Од друга страна, блок-трансакциите забележаа исклучително силен раст од 221,43%, достигнувајќи вредност од речиси 26 милиони денари, што укажува на зголемена активност кај поголемите инвеститори.

Според бројот на трансакции, најтргувана акција во мај беше акцијата на Комерцијална банка со 526 трансакции, пред Македонски Телеком со 188 и Алкалоид со 156 трансакции. Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер беше Македонски Телеком со 85.922 акции, пред Комерцијална банка и Гранит.

Најголем раст на вредноста на акцијата во текот на месецот оствари ОКТА АД Скопје со импресивни 22%, додека меѓу добитниците се најдоа и Попова Кула Демир Капија и ТИТАН УСЈЕ. Од друга страна, најголем пад забележа на вредноста на акцијата забележа Макошпед АД Скопје со намалување од високи 25,32%, пред ВВ Тиквеш Кавадарци (-14,45%) и Стопанска банка АД Скопје (-8,71).

Податоците упатуваат на период на умерена корекција на домашниот пазар на капитал, со намалена ликвидност во редовното тргување, но и со зголемен интерес за поголеми блок-позиции, што претставува важен сигнал за движењата на инвеститорското расположение на Македонска берза.

Продолжи со читање

Берза

Цените на нафтата повторно во пораст: Светот стравува од нов ценовен шок, Брент се приближува до 100 долари за барел

Објавено

на

Цените на нафтата продолжија да растат и во средата, поттикнати од обновените тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу преговорите меѓу САД и Иран.

Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,6% и достигна 97,56 долари за барел, додека американската „WTI“ се искачи на 95,37 долари за барел, што претставува раст од 1,7%. Со ова, двата референтни типа на нафта се задржуваат близу еднонеделните максимуми.

Пазарите остануваат чувствителни поради застојот во дипломатските разговори меѓу Вашингтон и Техеран, како и поради новите воени активности во регионот. Дополнителен притисок врз цените создаваат и предупредувањата за намалени глобални резерви на нафта во пресрет на периодот на зголемена летна побарувачка.

Аналитичарите оценуваат дека геополитичкиот ризик останува главен двигател на цените, особено поради неизвесноста околу безбедноста и проодноста на Ормутскиот теснец, една од најважните светски транспортни рути за нафта.

Поддршка на растот на цените даваат и податоците од САД, кои покажуваат седма последователна недела на намалување на залихите на сурова нафта.

Доколку тензиите продолжат и не се постигне напредок во дипломатските напори, пазарните учесници предупредуваат дека цената на Брент би можела повторно да се приближи или дури да ја надмине психолошката граница од 100 долари за барел.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange