Криптовалути
Крипто-пазарот во црвено: Позитивниот нагорен тренд од изминативе денови се стопи за само неколку часа
Криптовалутите бележат значителен пад во последните часови, следејќи го негативниот тренд на глобалните финансиски пазари и зголемената претпазливост кај инвеститорите.
Изминатите неколку денови имаше позитивен тренд и крипто-пазарот беше во нагорен тренд, но целиот раст исчезна во само неколку часа по ескалацијата на воените активности на Блискиот Исток и нападот од страна на САД и Израел врз најголемото поле за гас во светот – Јужен Парс
Најголемата криптовалута, Биткоин се тргува околу 70.171 долари, што претставува пад од 5,29%, по период на релативна стабилност. Етериум забележа уште поизразен пад од 6,79% и се тргува околу 2.164 долари, што укажува на засилена волатилност кај алткоините.
Пад бележат и другите водечки криптовалути. XRP ослабе за 4,33%, BNB за 4,45%, додека Солана и ПолкаДот ја намалија својата вредност за 5,09% и 5,69%, соодветно. АДА Кардано се тргува по цена од 0,26 долари, односно ја намали својата вредност за 7,45%.
Од друга страна, стабилните дигитални средства остануваат речиси непроменети – „Tether USDT“ се задржа околу 1 долар, додека „USD Coin“ бележи минимален раст.
Аналитичарите посочуваат дека засилената продажба и зголемената неизвесност на глобалните пазари продолжуваат да вршат притисок врз крипто-пазарот, при што краткорочната насока ќе зависи од движењата на ризичните средства и макроекономските фактори.
Криптовалути
Црвен ден за криптопазарот: Биткоинот и водечките криптовалути повторно во минус
Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали.
Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум забележа благо намалување, при што неговата вредност се спушти на 1.900,17 долари, или 0,38% пониско во однос на претходниот ден.
Поголеми загуби беа регистрирани кај останатите водечки криптовалути. „BNB“ ја намали вредноста за 1,06%, „Solana“ загуби 1,49%, додека „XRP“ го забележа најголемиот дневен пад меѓу најтргуваните дигитални средства, намалувајќи се за 2,43%.
Од друга страна, стабилните криптовалути „Tether“ (USDT) и „USD Coin“ (USDC) останаа речиси непроменети, задржувајќи ја вредноста околу еден американски долар.
Според пазарните аналитичари, актуелните движења претставуваат дел од краткорочна корекција, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели, движењето на американскиот долар и можните нови регулаторни мерки кои би можеле да влијаат врз криптопазарот.
Криптовалути
Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст
Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.
Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.
Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.
Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.
Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.
Криптовалути
Русија усвои сеопфатен закон за регулирање на криптовалутите
Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници.
Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата.
Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. Законот предвидува воспоставување регистар на лиценцирани криптоберзи, брокери и други даватели на услуги, додека надзорот над пазарот ќе го врши Централната банка на Русија.
Новата регулатива ја задржува можноста криптовалутите да се користат во одредени меѓународни трансакции. Тоа би можело да им го олесни прекуграничното плаќање на руските компании во услови на западни санкции.
Малите инвеститори ќе можат да ги купуваат најликвидните криптовалути преку овластени посредници, со годишно ограничување од 300.000 рубљи кај секој посредник. Квалификуваните инвеститори ќе имаат значително пошироки можности за тргување.
Со законот Русија продолжува да го формализира пазарот на дигитални средства, но ја задржува строгата контрола врз нивната употреба во домашниот платен промет, објави „Коинпејпер“.
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатена паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај



