Connect with us

Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари со каматна стапка од 4,9% и рати по твој избор

Објавено

на

Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9% и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.

Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.

Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при
користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.

„Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.

Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.

За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб- страницата www.sparkasse.mk.

ПР објава

Банки

Стопанска банка ги објави новите шест добитници од наградната игра со Mastercard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги објави новите шест добитници од третото извлекување во рамки на големата наградна игра „Имај мастерплан! Плаќај со Mastercard и освојувај!“.

Од банката информираат дека наградната игра продолжува и во следниот период, при што месечни награди ќе се доделуваат сѐ до извлекувањето на главните награди на крајот од годината.

„По третото извлекување од големата наградна игра, ги имаме и новите 6 добитници! Имај мастерплан! Плаќај со Mastercard и освојувај!“, објавија од Стопанска банка.

Правилата и сите дополнителни информации за наградната игра се достапни на официјалната интернет-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка воведува инстант-плаќања: Парите ќе стигнуваат за неколку секунди

Објавено

на

Народната банка работи на воведување инстант-плаќања преку национална платформа, која ќе овозможи трансферите на пари да се извршуваат за само неколку секунди, 24 часа дневно и 365 дена во годината.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во централниот дневник на „Македонската телевизија“ истакна дека развојот на платните системи е еден од приоритетите на централната банка. Новата национална платформа претставува клон на европскиот систем ТИПС и треба да донесе значително побрзи и поевтини трансфери.

„ТИПС-клонот е систем на инстант-плаќања каде што плаќањата ќе се извршуваат за неколку секунди, со релативно ниска цена и тоа 24 часа“, посочи Славески.

За разлика од сегашните ситуации кога трансфер направен по завршувањето на работното време може да биде реализиран наредниот ден или средствата да пристигнат по ден-два, со новиот систем парите ќе стигнуваат на сметката практично во истиот момент.

Во првата фаза инстант-плаќањата ќе бидат достапни преку постојните канали за мобилно и електронско банкарство. На тој начин, граѓаните и компаниите ќе можат да префрлаат средства независно од работното време на банките и од денот во неделата.

Понатамошниот развој на системот треба да отвори можност и за плаќање на продажни места, користење QR-кодови, како и трансфери само со внесување мобилен телефонски број или електронска адреса. Според Славески, целта е да се намалат дополнителните посредувања што ги зголемуваат трошоците.

Иницијативата има и европска димензија, бидејќи Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на кои им е понудена можност уште пред членството во Европската Унија да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

Гувернерот се осврна и на приклучувањето на земјата кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), реализирано на 7 октомври минатата година. Според него, во моментов околу 60 проценти од вкупните прекугранични плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА, што придонело за значително намалување на провизиите за трансфер на средства за граѓаните и компаниите.

Продолжи со читање

Банки

Halk Premium: Низа банкарски и дополнителни поволности за 300 денари месечно

Објавено

на

Halkbank АД Скопје ги промовира поволностите на Halk Premium пакетот, наменет за приматели на плата, кој за месечен надомест од 300 денари обединува повеќе банкарски и дополнителни услуги.

Пакетот вклучува Mastercard World дебитна картичка, влез во деловни салони и Fast Track услуги на аеродроми, асистенција на пат во Европа и патничко осигурување со покритие од 10 дена.

Меѓу поволностите е и повлекување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, како и користење електронско и мобилно банкарство 24/7 и СМС известување.

Корисниците на пакетот добиваат и ORYX Home Assistance, услуга која обезбедува 24-часовна асистенција во домот.

Halk Premium е достапен за 300 денари месечно, а повеќе информации за условите и услугите во пакетот се достапни на веб-страницата на Halkbank.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange