Connect with us

Банки

НЛБ Банка се сретна со идните економисти на „Денот на кариера“ на Економскиот факултет во Скопјe

Објавено

на

НЛБ Банка беше дел од настанот „Ден на кариера“, организиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Економскиот факултет, со цел поврзување на студентите со деловната заедница и отворање нови можности за професионален развој.

Настанот претставуваше одлична можност за директна комуникација меѓу студентите и претставниците на банкарскиот сектор, при што студентите имаа можност да се информираат за програмите за пракса, почетните кариерни позиции и можностите за професионален развој во рамки на НЛБ Банка АД Скопје.

Претставниците на банката ги запознаа студентите со корпоративната култура на институцијата, како и со програмите насочени кон развој на млади таленти, преку кои младите дипломци добиваат можност да стекнат практично искуство и да го започнат својот професионален пат во банкарскиот сектор.

„Задоволство беше да се сретнат амбициозните студенти и да им се презентираат можностите за пракса и кариера по дипломирањето во нашата Банка. Воодушевени сме од интересот на студентите своето професионално искуство да го градат во НЛБ Банка, препознавајќи нè како средина на амбиции, иновации и раст“, истакнуваат од банката.

Со учеството на вакви настани, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност кон поддршка на младите и создавање можности за нивен професионален развој, како и кон градење посилна врска меѓу академската заедница и бизнис секторот.

Банки

„Халк Финфлуенсер“ на Халкбанк со 12 видеа за полесно користење на дигиталните банкарски услуги

Објавено

на

Халкбанк започна нов едукативен видеосеријал со кој на корисниците им ги приближува најчесто користените банкарски услуги достапни преку мобилен телефон.

Серијалот „Халк Финфлуенсер“ содржи 12 кратки видео упатства во кои актерката Дарја Ризова на едноставен начин ги прикажува чекорите за користење на различни функционалности во мобилната апликација на банката.

Целта е корисниците полесно да извршуваат трансакции и други банкарски активности без посета на филијала и без чекање на шалтер. Од Халкбанк посочуваат дека во изминатиот период континуирано го проширувале бројот на достапни дигитални услуги во апликацијата.

Досега се објавени видеа за отворање платежна сметка преку мобилен телефон, префрлање пари со услугата Smart Send и подигнување готовина од банкомат без користење картичка.

Во следните недели се најавени уште девет видеа посветени на банкарски постапки и услуги што можат да се завршат онлајн.

Од банката велат дека преку ваквите содржини сакаат не само да ги информираат корисниците, туку и да придонесат за подобрување на нивните финансиски и дигитални знаења.

Иако онлајн банкарството почесто го користат помладите, Халкбанк со серијалот планира да ги охрабри и повозрасните корисници да ги искористат предностите на дигиталните услуги. Содржините ќе бидат достапни преку социјалните мрежи, како и директно преку филијалите на банката.

Продолжи со читање

Банки

Орлин Георгиев Ваташки повторно именуван за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Објавено

на

Орлин Георгиев Ваташки повторно ќе биде член на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, откако Народната банка на Република Северна Македонија издала претходна согласност за неговото именување.

Како што информираат од Универзална Инвестициона Банка, согласноста е издадена со решение на Извршниот одбор на Народната банка од 24 јули 2026 година.

Ваташки е именуван за член на Управниот одбор на банката за период од две години, сметано од денот на приемот на решението.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација и се однесува на измени во органите на управување и надзор на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди премиум кредитна картичка со пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка, наменета за корисниците кои често патуваат и сакаат дополнителни привилегии.

Картичката овозможува бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот, како и купување на најмногу 36 рати без камата.

Во понудата е вклучено и патничко осигурување за секое патување, со што корисниците добиваат дополнителна сигурност и удобност при престојот во странство.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната интернет-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange