Совети
Како измамниците крадат пари од банкомати?
Банките и полицијата во Германија предупредуваат за растечкиот број измами познати како „Cash Trapping“.
Овој метод на измама функционира така што сторителите поставуваат посебна физичка бариера на отворот за подигање готовина од банкоматот. Кога корисникот ќе се обиде да подигне готовина, парите не излегуваат, туку остануваат „заробени“ во уредот.
Повеќето луѓе мислат дека банкоматот е расипан и го напуштаат местото, а потоа доаѓа измамник и ги зема парите. Поради оваа причина, полицијата советува граѓаните секогаш внимателно да го проверат отворот за подигање пари и веднаш да ја контактираат банката или службата за корисници при сомнителни ситуации. И покрај техничките заштити како механички блокатори и камери за надзор, измамниците продолжуваат да ги заобиколуваат мерките.
Затоа, на граѓаните им се советува да бидат повнимателни при подигање готовина на банкомат.
Во друг случај, кој дополнително ја возбуди јавноста, пензиониран пар во Германија остана без речиси 70.000 евра. Криминалците префрлиле повеќе трансакции на парични сметки во Малта, користејќи дупки во безбедносните процедури.
Европската банкарска агенција (ЕБА) ја критикуваше практиката според која клиентите сносат до 79% од загубите во случаи на интернет измами. ЕБА бара построга регулатива и поголема одговорност од банките за заштита на потрошувачите во дигиталното банкарство.
Берза
Златото по историскиот максимум: каков е идниот тренд на цената?
Цената на златото минатата недела ја проби историската граница од 5.600 долари за унца, забележувајќи раст од над 70% во последната година. Рекордот се поттикнува од слабеење на доларот, повисока од очекуваната инфлација, очекувања за намалување на каматните стапки од Федералните резерви и купувања на злато од страна на централните банки ширум светот.
Златото, како традиционално „безбедно засолниште“, привлече големо внимание поради зголемените геополитички тензии околу случувањата со Гренланд и затегнатиот однос помеѓу САД и Европа, како и можниот сериозен конфликт на Блискиот Исток, каде што Иран се соочуваше со граѓанска војна, но и инвазија од САД и Израел.
Сепак, тензиите стивнаа помеѓу САД и Европа, но и на Блискиот Исток, по говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на светскиот економски форум во Давос, каде што ги увери присутните дека тој секогаш се заложува на мирен начин и со преговори да ги реши превирањата.
Дополнително, олеснување за геополитичката состојба беше и изјавата дека војната во Украина е во завршна фаза и дека можно е наскоро да се постигне примирје помеѓу Русија и Украина.
Промената на геополитичките сигнали, предизвикаа драстичен пад на вредноста на инвестициското злато, кој експертите го оценуваат како очекувана корекција по забрзаниот раст и создавањето на таканаречен „балон“ на цената.
Тука многумина си го поставија прашањето: „До каде ќе оди цената на златото, дали ќе продолжи да паѓа или повторно ќе има нагорен тренд?“
Бојан Цветановски, член на Извршниот Одбор на Здружението на финансиски пазари (АЦИ), оценува дека во краток рок можни се дополнителни корекции, но среднорочно и долгорочно златото ја задржува својата атрактивност како инвестиција во време на финансиска и геополитичка неизвесност.
Бизнис
КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.
Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.
Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.
Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.
Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.
„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“
Банки
Финансиски писмен и фин: запознајте го ФинФлуенсерот на Халкбанк
Вистински финансиски совети на вистински разбирлив начин токму кога се неопходни – нов забавен формат на пренесување совети од Халкбанк што пари значат
Изминатите недели низ социјалните медиуми циркулира искрено, симпатично и непосредно објаснување за важни животни лекции од Халкбанк, кои секој би сакал да ги знае претходно, односно многу порано пред да донесе некоја значајна финансиска одлука. Во овие кратки инстаграм-видеа, главниот херој, т.н. ФинФлуенсер, на неверојатно прониклив, хумористичен начин и финансиски јазик разбирлив за сите наоѓа формула како да пренесе важни пораки до македонската јавност:
https://www.instagram.com/p/DIBXzG9sHP2
Од совети за совесно размислување при работење со сопствени пари, паметно инвестирање, преку совети за штедење, сè до поуки за препознавање лажни пораки и опасни линкови при е-трансакции, ФинФлуенсерот – кој во серијалот го игра младиот актер Антонио Ташковски, e модерниот лик чии совети го разбиваат митот дека финансиската писменост претпоставува комплициран и долг процес на учење. Овој формат на пренесување совети што се од клучно значење за индивидуалната и семејна финансиска иднина, на краток и сладок начин директно стигнува до поентата што треба да биде пренесена.
https://www.instagram.com/p/DI9S346hBF0
„Лични финансии, планирање трошоци, инвестирање и штедење – големи сложени изрази за навистина едноставни нешта – грижа за иднината и одговорност за себе. Нашето општество, особено младите треба да ја знаат суштината зад финансиската писменост. Иднината е во знаењето – а знаењето е јавно општествено добро што ние во Халкбанк посветено, трпеливо и на креативен начин го споделуваме со секој од вас. Само финансиски писмена заедница е силна заедница“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
Погледнете го серијалот видеа ФинФлуенсер на социјалните медиуми на Халкбанк.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециГолема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација
-
Банкипред 1 месецПредности и поволности на новата Халки картичка за деца





