Кариера
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје
Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата:
Eксперт за картички и ATM
Што може да очекувате:
- Вклученост во процес на дигитализација и трансформација на процесите
- Работа во средина со високи етички вредности, доверба и можност на раст и развој
- Флексибилно работно време
- Поддршка за личен и професионален развој, преку едукација и обука
- Организација која поттикнува соработка во посветен тим, самостојна работа и фер однос кон сите
- Средина во која секој придонесува за успех,а резлутатите се мерливи видливи и препознаени
Главни задачи и одговорности:

Главни задачи:
- Учество во секојдневното оперативно работење поврзано со издавање, администрирање и одржување на платежни картички (дебитни, кредитни и припејд картички).
- Следење и обработка на трансакции извршени преку АТМ-и и ПОС терминали, како и идентификација и евидентирање на неправилности и отстапувања.
- Административна поддршка во процесите на инсталација, конфигурација и одржување на АТМ-и и ПОС терминали во соработка со интерни сектори и надворешни добавувачи.
- Обработка на рекламации и приговори од клиенти поврзани со картично работење, АТМ и ПОС трансакции, согласно интерни процедури и законска регулатива.
- Следење на усогласеноста на картичното работење со правилата на меѓународни картични шеми, интерни политики и безбедносни стандарди.
- Учество во подготовка на извештаи, анализи и статистички податоци поврзани со користење на платежни картички, АТМ и ПОС мрежата.
- Комуникација и координација со други организациски единици (ИТ, ризик, усогласеност, продажба) со цел навремено и квалитетно извршување на работните задачи.
- Учество во имплементација на нови производи, услуги и подобрувања во доменот на картично работење и електронски плаќања.
- Следење на новини и трендови во областа на електронски и безготовински плаќања и предлагање мерки за унапредување на процесите.
- Почитување на прописите за заштита на лични податоци, безбедност на информациските системи и доверливост на податоците.
- Активно учество во проекти поврзани со процесор, картични шеми и надворешни компании поврзани со картично работење.
Одговорности:
- Точно и навремено извршување на доверените работни задачи.
- Одржување високо ниво на професионалност и соработка со клиенти и колеги.
- Почитување на интерните акти, процедури и законските прописи.
Квалификации:
- Високо образование од областа на економија, финансии
- Минимум 2 години релевантно работно искуство
- Искуство во банкарски или финансиски институции ќе се смета за значајна предност
- Напредно познавање на MS Excel и други алатки
- Познавање на јазици – Напредно Англиски јазик
- Одлични организациски вештини, со фокус на планирање, рокови и квалитет
- Одлични комуникациски вештини
- Високо ниво на професионален интегритет, одговорност и доверливост.
Банката нуди:
- Динамична и пријатна работна средина;
- Можност за професионален и личен развој;
- Обука и континуирано стручно усовршување;
- Работење во мал, експертски тим, со реално влијание врз клиентското искуство.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Капитал Банка АД Скопје, испратете ја вашата биографија на: [email protected].
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и ќе биде земено предвид во процесот на селекција. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои ги исполнуваат условите од огласот.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по завршување на огласот, во зависност од бројот на пријави.
Апликацијата ќе биде третирана како доверлива. Со доставување на апликацијата, кандидатот дава согласност неговите лични податоци да се користат исклучиво за потребите на процесот на селекција, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на веб-страницата на Банката.
Кариера
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.
Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.
Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.
Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less
Бизнис
„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“.
Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава.

Континуитетот на ова признание за нас има особено значење. Тој зборува за доследноста во начинот на кој ја градиме нашата работна култура – отворена, стабилна и ориентирана спрема луѓето. Во „Алкалоид“ веруваме дека силната организација започнува со здрави вредности, јасни професионални стандарди, високи етички норми и со заемна доверба затоа што успехот на компанијата произлегува од нејзините вработени.

Луѓето се суштината на сè што правиме. Нивната експертиза, мотивираноста и одговорноста се темелот врз кој се развива нашата компанија, па затоа грижата за нивниот професионален и личен напредок останува еден од нашите клучни стратешки приоритети.
Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат. Нашата цел е „Алкалоид“ и натаму да остане прв избор за младите луѓе кои ја гледаат својата иднина во одговорна и успешна компанија.
ПР објава
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Раководител на експозитура.
Локација: Скопје
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;
- ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;
- има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;
- се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;
- одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;
- решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;
- потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;
- врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;
- ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;
- го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;
- врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);
- Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за продажба;
- Комуникациски вештини;
- Организациски способности;
- Способности за раководење и работа со луѓе;
- Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
- Познавање на прописите поврзани со банкарството.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.04.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно




