Банки
Естонската групација Иуте го доби државниот тендер во Украина за основање на дигитална банка
Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација основана во Естонија под чијашто капа работи Иуте Македонија, го доби државниот тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, банка со повеќе од 30 години историја која во минатото беше дел од Swedbank групацијата, со што официјално го означува својот влез на украинскиот пазар и отпочнување на процесот за основање целосно дигитална банка, по официјалното регулаторно одобрување кое следи наскоро.
IuteBank ќе биде основана како целосно лиценцирана дигитална банка, изградена од темел и под супервизија на Народната Банка на Украина. Вкупната инвестиција на Иуте во Украина ќе изнесува 15 милиони евра.
Финализирањето на трансакцијата, вклучително и преносот на околу 13.000 клиенти, ќе биде спроведено по финалното одобрување од Народната банка на Украина, кое се очекува до крајот на месецов.
Според Извршниот директор на групацијата, Тармо Силд, овој чекор е дел од долгорочната стратегија на групацијата за поставување на темелите на дигитална банка, при што географската експанзија претставува природна еволуција на бизнисот.
„Влезот во Украина се темели на нашата доверба во иднината на земјата и нејзината интеграција во европскиот економски простор. Украина ја гледаме како значајна можност за раст – и за Иуте и за Европа. Војната ја трансформираше земјата во еден од најдигитализираните финансиски пазари, со шеста најголема популација во Европа и со значајна промена во националниот менталитет. Верувам дека Украина ќе го предводи растот во следните пет години, благодарение на храброста на нејзиниот народ,“ изјави Силд.

„IuteBank ја градиме од почеток – преземаме внимателно селектирани средства и соодветни депозитни обврски од RWS Bank. Овој пристап резултира со ниска почетна актива, под 10 милиони евра,“ појасни Силд.
Новата банка ќе работи под името IuteBank и ќе биде под супервизија на Народната Банка на Украина, со целосна банкарска лиценца што овозможува нудење на основни банкарски услуги за физички и правни лица, вклучувајќи сметки, картички, депозити, кредити, плаќања, девизно работење, како и готовински и клиринг услуги.
IuteBank ќе ја предводи Артур Муравицки, искусен банкарски професионалец од Украина со повеќе од 22 години искуство во финансискиот сектор. Според Муравицки, фокусот е на изградба на целосно дигитална банка уште од првиот ден.
„Следните чекори вклучуваат докапитализација на банката, формирање на клучниот тим и исполнување на сите барања на Народната Банка на Украина за започнување со редовно работење. Од самиот почеток, процесот е поддржан од Фондот за гарантирање на депозити и од Националната банка на Украина, чија соработка беше од суштинско значење за напредокот на проектот,“ изјави Муравицки.

Во првата година, фокусот ќе биде ставен на лансирање на дигиталната апликација и клучните финансиски производи, како и на иницијално привлекување клиенти. Во следната фаза, банката ќе се насочи кон еволуирање на бизнисот, зголемување на обемот и проширување на понудата на производи и услуги.
Иуте нагласува дека експанзијата во Украина се спроведува со истата дисциплина во управувањето со ризикот, како и на сите други пазари на кои групацијата е присутна.
„Ризиците во Украина ги третираме на ист начин како и во секоја друга земја. Поставивме внатрешен праг според кој вкупната инвестиција во Украина нема да надмине 15 милиони евра, сè додека не се постигнат одредени прагови на приходи и профитабилност и додека не заврши војната. За 2026 година, очекуваме нето-загубата на банката да не надмине 3 милиони евра,“ додаде Силд.
Започнува ново поглавје за групацијата Иуте и сите земји подружници.
Банки
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25% поради високата неизвесност и инфлациските ризици
На 15 септември 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. На оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. Одлуката се заснова врз најновите макроекономски показатели и очекувања, како и на оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување.
Движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август, Народната банка интервенира со откуп на девизи. Сепак, и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат и на повисоките цени на енергентите. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона и е соодветно на целта за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот, обезбедувајќи 4,5 месечна покриеност на увозот на стоки и услуги.
Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво, но во август беа видливи ефектите од растот на светските цени на енергентите врз домашната инфлација. Извршниот одбор оцени дека сѐ уште е рано за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување. Имено, натамошното заострување на воените дејствија на Блискиот Исток, како и на војната помеѓу Русија и Украина, придонесе за повторен силен раст на цените на нафтата и останатите енергенти и за нарушувања во синџирите на снабдување, со можни пренесени ефекти врз девизниот пазар и домашните цени во следниот период. Покрај ова, и натаму опстојуваат домашните фактори коишто влијаат на побарувачката и создаваат ризици за идната динамика на инфлацијата. Во вакви услови, беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, при што присутната неизвесност упатува на потребата од задржување на претпазливиот пристап.
Задржувањето на основната каматна стапка, заедно со мерките преземени досега кај задолжителната резерва и макропрудентната политика, ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, за долгорочно стабилизирање на инфлацијата и за зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијае и врз кредитните услови во економијата. На последниот состанок во септември, Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, во услови на понатамошни инфлациски притисоци поврзани со конфликтот на Блискиот Исток, при што оцени дека инфлацијата ќе остане значително над целното ниво подолг период.
Во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на август, девизните резерви изнесуваат 5.101 милион евра и се одржуваат во сигурната зона во согласност со показателите за адекватност. Од почетокот на мај наваму, девизниот пазар е стабилен, при што во периодот јули ̶ август, Народната банка интервенира со откуп на девизи. Сепак, со оглед на поголемиот износ на продажби на почетокот на годината, збирно, во изминатиот период од 2026 година Народната банка интервенира со нето-продажба на девизи. Притоа, промената на девизните резерви засега е малку подобра од очекувањата во априлската проекција.
Во август 2026 година, годишната стапка на инфлација изнесува 2,6% (2,3% во јули). Растот на светските цени на енергентите се одрази и врз домашните цени, преку забрзување на растот на енергетската компонента на инфлацијата. Остварената инфлација е нешто послаба во однос на очекувањата во априлските проекции, при помал раст кај цените на храната од очекуваното. Сепак, инфлациските притисоци и натаму опстојуваат, при исклучително голема променливост на увозните цени, што создава ризици во однос на патеката на инфлацијата во следниот период. Најновите ревизии на увозните цени релевантни за инфлацијата се нагорни, при изразена неизвесност за идната динамика на цените на примарните производи на светските берзи.
Домашната економија останува отпорна и покрај неповолното и неизвесно надворешно окружување. Во вториот квартал од 2026 година, реалниот годишен раст на БДП забрза и изнесува 4,3%, што е повисоко во однос на априлската проекција. Растот во еден дел се должи на бруто-инвестициите, главно поради градежните активности поврзани со големите инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, кредитната поддршка и натаму е посилна во однос на проекциите, и е фактор што треба внимателно да се следи, додека растот на депозитната база засега не отстапува значајно од проектираната патека.
Народната банка и натаму ќе биде посветена на одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како основен предуслов за обезбедување ценовна стабилност на среден рок. За таа цел, ќе продолжи со внимателно следење на домашните и меѓународните економски и финансиски движења, ќе ги оценува нивните ефекти врз девизниот пазар и инфлацијата и е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.
Банки
Халкбанк со низа поволности за примателите на плата
Халкбанк нуди низа поволности за клиентите кои ја примаат својата плата преку банката, со цел поедноставно секојдневно управување со личните финансии.
Примателите на плата имаат можност за повлекување готовина без провизија од сите банкомати во земјава, како и дозволено пречекорување во висина до три месечни плати.
Во понудата се вклучени и поволни услови за користење кредитни картички, кредити и депозити, соопшти Халкбанк.
На клиентите им се достапни и електронското и мобилното банкарство, преку кои можат да управуваат со своите финансии во секое време.

Од банката посочуваат дека со овие поволности настојуваат да им овозможат на примателите на плата поедноставно и попрактично користење на банкарските услуги.
Банки
„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка – Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси
НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетно, поддржувачко и развојно работно искуство за своите вработени.
Сертификатот претставува независна потврда за усогласеноста на ЧР практиките на НЛБ Банка со меѓународно признати стандарди и ја реафирмира стратешката определба на Банката за континуирано унапредување на работното искуство, развојот и добросостојбата на вработените. Со тоа, дополнително се зацврстува позицијата на НЛБ Банка како посакуван, одговорен и современ работодавач.

Веста за сертификатот беше споделена со вработените и нивните семејства за време на традиционалниот Family Day на НЛБ Банка, симболично поврзувајќи го признанието со неговата суштина: луѓето, нивното искуство и организациската култура што Банката континуирано ја гради. Во неформална и пријатна атмосфера, Банката заеднички одбележа успех кој претставува потврда на посветеноста кон создавање квалитетна и развојна работна средина.
„Ова признание е резултат на нашата долгорочна посветеност да градиме работна средина во која вработените се чувствуваат поддржани, вреднувани и мотивирани да се развиваат. Верувам дека задоволството на вработените е основа за квалитетна услуга кон клиентите, за одржлив раст и за создавање позитивно влијание во заедницата. Сертификатот Top Employer е дополнителна потврда дека сме на вистинскиот пат, но и обврска и натаму да ги унапредуваме нашите практики и култура.“ – истакна Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски во своето обраќање кон колегите.
Сертификацијата на НЛБ Банка произлезе од повеќемесечен, структуриран процес на институционална проценка и независна валидација на ЧР политиките, процесите и практиките на Банката од страна на Top Employers Institute. Притоа, беа оценувани клучни области од управувањето со човечките ресурси, вклучително развојот на таленти, организациската култура, учењето и напредувањето, инклузивноста и добросостојбата на вработените и низа други.

*Top Employers Institute е глобална организација која ги сертифицира компаниите врз основа на нивните практики во областа на човечките ресурси и искуството на вработените. Сертификатот Top Employer им се доделува на организации кои покажуваат посветеност кон создавање подобри услови за работа, континуиран развој на вработените и унапредување на организациската култура.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





