Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата:

Самостоен референт

Одделение за сметководство и известување
Локација: Дирекција – Скопје

Опис на работното место:

  • Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
  • Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката;
  • Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката;
  • Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ;
  • Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето;
  • Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката;
  • Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност;
  • Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни);
  • Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски);
  • Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување;
  • Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди;
  • Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО;
  • Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка;
  • Пресметува и книжи амортизација;
  • Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници;
  • Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив;
  • Анализира месечни состојби на билансот на Банката;
  • Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци;
  • Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга);
  • Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања;
  • Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците;
  • Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите.

Квалификации:

  • Работно искуство: Минимум 5 години;
  • Образование: предност Економски фалкутет;
  • Активно познавање на Англиски Јазик;
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Силна етика;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно користење на MS Office.

Банката нуди:

  • Динамична и пријатна работна средина;
  • Можност за професионален и личен развој;
  • Обука и континуирано стручно усовршување;
  • Работење во мала, флексибилна и мотивирана организација.

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Капитал Банка АД Скопје, испратете ја вашата биографија на: [email protected].

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и ќе биде земено предвид во процесот на селекција. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои ги исполнуваат условите од огласот.

Рок за пријавување:

Огласот е активен 10 дена од датумот на објавување, односсно до 07.11.2025 година. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по завршување на огласот, во зависност од бројот на пријави.

Апликацијата ќе биде третирана како доверлива. Со доставување на апликацијата, кандидатот дава согласност неговите лични податоци да се користат исклучиво за потребите на процесот на селекција, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Повеќе информации можете да најдете во Политиката за приватност на веб-страницата на Банката.

Кариера

Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.

Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.

„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.

Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.

Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.

Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange