Банки
СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.
На годинашната конференција, под наслов „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, којашто ќе се одржи на 28 и 29 октомври во Охрид, ќе учествуваат домашни и странски претставници на централни банки, деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги, финтек-компании и други релевантни институции. Претставници од меѓународните финансиски институции и телата на Европската Унија исто така ќе учествуваат на овој настан.
Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.
Централна тема на Конференцијата ќе биде иднината на плаќањата по историскиот исчекор на нашата земја со интеграцијата во Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. Во таа чест, на Конференцијата ќе се обрати генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли.Гувернерот Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Молдавија, како и заменик-гувернерката на Банката на Албанија, ќе дискутираатза придобивките за граѓаните и компаниите од членството во СЕПА, како и за можностите за идниот развој на регионот и за неговото интегрирање во единствениот европски пазар, уште пред пристапувањето кон Европската Унија. Кон дискусијата на оваа тема ќе се приклучат и претставниците на управните одбори на македонските банки, кои ќе се осврнат на предизвиците во процесот на оперативно поврзување и започнувањето на првите трансакции преку СЕПА на 7 октомври оваа година, ефектите врз надоместоците, конкуренцијата и дигиталната подготвеност, како и на идните чекори на банкарскиот сектор за максимално искористување на придобивките за граѓаните и компаниите.
Во рамките на Конференцијата ќе се дебатира и за воведувањето на инстант-плаќањата, потребната регулатива и инфраструктура, како и за регионалната соработка во оваа област. Поконкретно, ќе се зборува за започнатото воспоставување систем за инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, заснован на стандардите на ТИПС на Европската централна банка за сигурно, ефикасно и брзо извршување на плаќањата во кое било време во текот на денот, за викенди и за празници, т.н. клон на ТИПС. Во услови кога земјите од Западен Балкан се во процес на интеграција во СЕПА, воспоставувањето систем за инстант плаќања со исти процедури и стандарди ќе ја засили регионалната интеграција на платните системи и нивната интеграција во европскиот платежен екосистем. Ќе се разгледа и улогата на новите пазарни чинители, коишто придонесуваат за обликување на новата платежна реалност и трансформација на конкурентноста и квалитетот на платежните услуги.
Преку овие теми, Конференцијата ќе овозможи сеопфатен преглед на иновативните решенија, регулативните аспекти и можностите за поголема интеграција и координација на пазарите, заради забрзување на дигиталната трансформација на платежните услуги во регионот.
Конференцијата, којашто ќе се одвива на англиски јазик, ќе може да се следи во живо, на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.
Банки
Рајфајзен го мина клучниот праг за преземање на Аддико банка
Рајфајзен банк интернешнл официјално потврди дека доброволната јавна понуда за преземање на Аддико банка успешно го надминала минималниот праг на прифаќање, со што процесот на преземање влегува во завршна фаза.
До 24 јули 2026 година биле примени изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.720.331 акција на Аддико банка, што претставува 55,58 отсто од сите акции опфатени со понудата.
Со тоа е исполнет клучниот услов предвиден со австрискиот Закон за преземања, според кој понудата треба да биде прифатена за повеќе од 55 отсто од акциите за да се смета за успешна.
Меѓу акциите за кои била прифатена понудата се и 1.878.167 акции на Алта груп, што претставуваат 9,63 отсто од вкупниот број издадени акции на Аддико банка. Со овој потег дополнително се зацврстува позицијата на Рајфајзен во процесот на преземање.
Рокот во кој акционерите можеа да ги повлечат своите изјави за прифаќање истече на 23 јули во 17 часот. Од Рајфајзен соопштија дека до 24 јули во 9 часот не била примена ниту една изјава за повлекување.
Надминувањето на прагот од 55 отсто претставува клучна пресвртница во процесот на преземање и му обезбедува на Рајфајзен контролен пакет и значајна позиција за следните чекори во трансакцијата.
Аддико банка е позната по фокусот на потрошувачкото кредитирање и дигиталните банкарски услуги, а работи на повеќе пазари во Југоисточна Европа. Влегувањето под контрола на Рајфајзен би можело да донесе промени во деловниот модел, дигиталната стратегија и регионалното позиционирање на банката.
Преземањето истовремено може да придонесе за зајакнување на позицијата на Рајфајзен во банкарскиот сектор во Југоисточна Европа, каде што групацијата веќе има значително присуство.
Со успешното надминување на минималниот праг на прифаќање започнува завршната фаза од преземањето. Вниманието сега е насочено кон следните чекори на Рајфајзен, како и кон можните планови за интеграција и идниот развој на Аддико банка.
Извор: EQS News / Financa.ba
Банки
Комерцијална банка: Илјадници корисници веќе плаќаат со Apple Pay
Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка.
Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac.
За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се автентицира и да го доближи iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање.
Од Комерцијална банка посочуваат дека секоја трансакција преку Apple Pay е заштитена со Face ID, Touch ID или лозинката на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

Apple Pay може да се користи во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на други продажни места што поддржуваат бесконтактно плаќање.
Активирањето на услугата е едноставно. На iPhone потребно е да се отвори апликацијата Wallet, да се избере знакот „+“ и да се следат чекорите за додавање на Mastercard дебитна или кредитна картичка од Комерцијална банка.
Откако картичката ќе биде додадена, Apple Pay може веднаш да се користи на соодветниот Apple уред.
Банки
Стопанска банка со викенд поволност: Подигнување готовина од банкомат без провизија
Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд.
Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија.

Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи.
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНовата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе



