Connect with us
no baners

Банки

Шведска ќе овозможи офлајн плаќања со картички до 2026 година!?

Објавено

на

Шведска планира до средината на 2026 година да воведе можност за офлајн плаќања со картички, што ќе им овозможи на граѓаните да извршуваат трансакции и без интернет конекција.

Иницијативата, предводена од Шведската централна банка – Риксбанк е резултат на постигнат договор со водечките даватели на платежни услуги за користење на физички картички и ПИН кодови за основни купувања, како што се храна и лекови, дури и во услови на прекин на комуникациската инфраструктура.

Според гувернерот на Риксбанк, Ерик Тедин, ова претставува „важна пресвртница во подготовките за потенцијални безбедносни закани и зајакнување на стабилноста на платежниот систем“.

Овој потег е дел од пошироката национална стратегија за отпорност на кризи и вонредни ситуации, особено во контекст на зголемените геополитички ризици и загриженоста за можни саботажи на дигиталната инфраструктура.

Иницијативата на Шведска веќе наидува на поддршка од соседните земји како Финска, Норвешка, Данска и Естонија, кои најавија слични планови за заштита на своите платежни системи.

Компанијата Visa истакнува дека офлајн плаќањата во други европски држави покажале висока ефикасност и стабилност дури и за време на големи интернет прекини, со што се потврдува потребата за диверзификација на платежната инфраструктура.

Оваа мерка се очекува да придонесе за зголемена доверба на потрошувачите и стабилност на финансиските текови, а истовремено претставува пример за балансирање на дигиталниот напредок со сигурноста и достапноста на основните финансиски услуги.

Банки

АЛТА банка: Вработените ја препознаваат Банката како стабилна и просперитетна институција

Објавено

на

Во АЛТА банка АД Битола успешно е реализирана анкета за организациска култура и задоволство на вработените, во соработка со консултантот Драгана Николиќ од N&P Business Consulting GmbH.

Како што информираат од Банката, во анкетата активно учествувале 87 проценти од вработените, а резултатите покажале дека тие ја препознаваат АЛТА банка како стабилна и просперитетна институција во која се градат доверба, тимска поддршка и вредности што ги промовира новото раководство.

Од Банката посочуваат дека за нив е особено важно што вработените отворено ги споделуваат своите мислења, идеи и предлози за подобрување на работната средина, оценувајќи дека токму тимот е клучен двигател на успешниот развој.

Воедно, најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со континуирани обуки, тренинзи и активности за тимски развој, со цел инвестирање во професионалниот напредок на вработените и создавање позитивна и мотивирачка работна атмосфера.

„Заедно продолжуваме кон нови успеси и уште посилен развој на АЛТА банка АД Битола“, наведуваат од Банката.

Продолжи со читање

Банки

NLB Banka Skopje освои 11 медали на NLB Group Games

Објавено

на

NLB Banka Skopje освои 11 медали на годинашните NLB Group Games, натпреварување кое ги обединува вработените од групацијата преку спорт и тимски активности.

Од банката информираа дека покрај освоените медали, учеството на настанот придонело и за зајакнување на тимскиот дух и сплотеноста меѓу колегите.

„Се враќаме дома со 11 освоени медали, но и со нешто подеднакво вредно, уште поголема сплотеност и потврда дека најдобрите резултати доаѓаат кога играме како еден тим“, наведоа од НЛБ Банка Скопје.

Од банката упатија честитки до сите вработени кои учествувале на игрите и ги претставувале боите на НЛБ Банка Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со промотивна понуда за станбени кредити до 30 јуни

Објавено

на

Комерцијална банка објави промотивна понуда за станбени кредити, која ќе трае до 30 јуни, а во рамки на која клиентите ќе можат да аплицираат без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имот.

Од банката информираат дека кредитот се нуди со фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години и можност за грејс период до 12 месеци.

Станбениот кредит е наменет за купување, изградба или реконструкција на дом, како и за инвестиција во недвижности во земјава и во странство.

Во понудата е вклучена и можност за животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот.

Повеќе информации за условите и аплицирањето се достапни на страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange