Connect with us

Бизнис

Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев Трубарево

Објавено

на

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.

Како резултат на партнерски договор, вчера беа донираа прочистувачи за воздух во ООУ Крум Тошев Трубарево – Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.

Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.

Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата – детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со вас и веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток.”- посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип. 

Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина”, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ Крум Тошев.

Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.

На децата од ООУ Крум Тошев им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.

За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа. Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.

Бизнис

Иуте Македонија за само четири дена запиша 3 милиони евра преку првата корпоративна обврзница

Објавено

на

Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, при што за само четири дена биле запишани три милиони евра, соопшти компанијата.

Од Иуте Македонија оценуваат дека интересот од инвеститорите претставува потврда за довербата во бизнис-моделот на компанијата, нејзините финансиски резултати, иновативноста и технолошката основа.

Емисијата на корпоративната обврзница, според компанијата, претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на финансирање и поставување нов репер за корпоративното финансирање на домашниот пазар.

Од Иуте посочуваат дека успешната реализација на емисијата истовремено претставува и позитивен сигнал за развојот на македонскиот пазар на капитал и за можностите домашните компании да обезбедуваат средства преку алтернативни извори на финансирање.

Станува збор за прва корпоративна обврзница на Иуте Македонија на домашниот пазар, а компанијата го истакнува брзиот интерес на инвеститорите како еден од клучните показатели за успешноста на емисијата.

Продолжи со читање

Бизнис

Компаниите за вештачка интелигенција ветуваат помалку работа, а вработените работат и по 90 часа неделно

Објавено

на

Компаниите што вложуваат стотици милијарди долари во развојот на вештачката интелигенција со години тврдат дека новата технологија ќе им овозможи на луѓето да работат помалку. Но, анализата на Би-би-си покажува сосема поинаква слика во самите АИ компании, каде дел од вработените работат и до 90 часа неделно.

Уште пред четири години директор за инженерство во Google прогнозираше дека вештачката интелигенција ќе овозможи четиридневна работна недела до 2025 година. И OpenAI годинава ги повика компаниите да почнат да тестираат четиридневна работна недела без намалување на платите, со образложение дека АИ наскоро ќе може значително да ја зголеми продуктивноста.

Сепак, поранешен технички вработен во OpenAI за Би-би-си изјавил дека самата компанија никогаш не тестирала четиридневна работна недела. Тој ја опишал работната култура како исцрпувачка, со чести кризни состаноци, работа за време на викендите и строги оценки на работниот учинок.

Според неговото сведоштво, вработените неретко доаѓале на работа и во сабота или недела за да ги завршат заостанатите обврски или да проверат дали се појавиле проблеми.

Слични пораки за влијанието на вештачката интелигенција испраќаат и други технолошки компании. Anthropic, на пример, истакнува дека неговиот АИ алат Claude може самостојно да работи околу седум часа без пауза, додека Марк Закерберг повеќепати зборуваше за тоа дека АИ драматично го менува начинот на работа и им овозможува на помал број луѓе да постигнат повеќе.

Но, според сегашни и поранешни вработени, токму луѓето што ги развиваат овие алатки често работат значително повеќе од вообичаените 40 часа неделно.

Во Meta, дел од вработените годинава биле ненадејно префрлани во тимови што работат на итни проекти поврзани со вештачката интелигенција. Еден сегашен и еден поранешен вработен рекле дека меѓу себе тоа го нарекувале „регрутација“, бидејќи практично немале можност да го одбијат префрлањето.

Работното време во овие тимови, според нивните сведоштва, често траело до доцна во ноќта и за време на викендите, а дел од вработените имале чувство дека се постојано достапни и надвор од официјалното работно време.

Така, додека технолошките гиганти ја претставуваат вештачката интелигенција како алатка што треба да донесе поголема продуктивност и пократко работно време, сведоштвата од нивните редови укажуваат дека трката за развој на АИ засега создава и силен притисок врз дел од вработените.

Продолжи со читање

Бизнис

Флекс Кредит ја додели главната награда од 200.000 денари

Објавено

на

Флекс Кредит ја објави добитничката на главната награда од својата летна наградна игра „200.000 причини за среќа“.

Среќната добитничка е Марица Н., со добитен број 813111, која освои 200.000 денари.

Од Флекс Кредит ѝ упатија честитки на добитничката, а воедно им се заблагодарија на сите учесници кои биле дел од летната кампања и ја дале својата доверба.

„Останете со нас – ве очекуваат уште многу нови изненадувања и убави можности“, порачаа од компанијата.

Во рамки на наградната игра беа предвидени и десет награди по 20.000 денари, како и главната награда во вредност од 200.000 денари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange