Connect with us

Останато

Извлечени добитниците од наградната игра “Стани милионер со УНИБанка”

Објавено

на

УНИБанка уште еднаш потврди дека е многу повеќе од банка! Не само што нуди врвни и иновативни банкарски продукти, туку и ги наградува своите клиенти за лојалноста и довербата. Минатите години како дел од своите големи наградни игри Банката додели џип, стан, патување на Куба, а овој пат беше избран добитникот на 1.000.000 денари.

Олга Тодорова Софронијовска од Скопје е среќниот добитник на големата наградна игра “Стани милионер со УНИБанка”. Главниот добитник, како и двајцата добитници на награди од по 300.000 денари, беа извлечени на 17.07.2025 во Бизнис Центарот на Банката по случаен избор со помош на компјутерска програма, а согласно претходно поставените услови за учество. 

Веќе неколку години сум клиент на УНИБанка и редовно ја користам мојата Mastercard картичка, како за секојдневни купувања во продавници, така и за онлајн трансакции. Навистина преферирам плаќање со картичка, не само поради практичноста и сигурноста, туку и поради сите дополнителни бенефити што ги нуди УНИБанка. Кога ми се јавија да ми соопштат дека сум добитник на милион денари, не можев да поверувам! Тоа беше момент на вистински шок и радост, без сомнение најнеочекуваниот и највозбудливиот подарок што сум го добила досега. Навистина е прекрасно чувството да бидеш награден од институција на која ѝ веруваш. УНИБанка досега многупати покажала голема посветеност кон своите клиенти како преку промоциите, така и преку секојдневната љубезност и поддршка од вработените.Огромна благодарност до УНИБанка за ова изненадување!“ – изјави Олга.

Како и минатите години и оваа наградна игра предизвика голем интерес, поттикна голем број луѓе преку УНИБанка да користат Mastercard картички, и да ги согледаат бројните предности кои ги носат безготовинските плаќања, како во поглед на едноставноста и брзината на трансакциите, така и во поглед на сигурноста на самите плаќања со овие картички.

Посветеност кон клиентите, дигитализација и имплементирање иновации во работењето, поддршка за своите корисници се работи по кои и понатаму ќе биде препознаена УНИБанка. Банката и во иднина ќе иницира активности и проекти со кои ќе ја оправда довербата на своите клиенти, потврдувајќи им дека ја избрале најдобрата банка.

УНИБанка им се заблагодарува на клиентите за учеството во наградната игра, за укажаната доверба и ветува дека и понатаму ќе прави напори да ја награди нивната лојалност, а на добитниците им посакува да уживаат во наградите и во иднина да ги користат кредитните и дебитните Mastercardкартички издадени од УНИБанка, како и останатите продукти и услуги на Банката.

Останато

Северна Македонија ќе понуди државни хартии од вредност во износ од околу 31 милион евра на 5 мај

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија на 5 мај ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупен износ од 1,9 милијарди денари, што е приближно 31 милион евра, покажуваат податоци на Народната банка.

Станува збор за редовна аукција на државни записи и обврзници, преку која државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби.

Интересот за ваквите инструменти традиционално доаѓа од домашни институционални инвеститори, како банки, пензиски и инвестициски фондови, кои ги користат како сигурна форма на вложување.

Продолжи со читање

Останато

„Iute Pay“ го лансира првиот студентски иновациски предизвик – младите ја креираат иднината на дигиталните плаќања

Објавено

на

Во време кога дигиталните решенија сè повеќе го обликуваат начинот на кој управуваме со пари, „Iute Pay“ го отвора својот прв студентски иновациски предизвик во Македонија – иницијатива што има за цел да им даде глас на младите во креирањето на иднината на плаќањата.

Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена. 

Фокусот е ставен на тоа како дигиталниот паричник „Iute Pay“ може да стане дел од секојдневието –прилагодено на потребите на новата генерација корисници.

Предизвикот е отворен за тимови од студенти кои ќе треба да креираат концепт за позиционирање и користење на „Iute Pay“, да ја раскажат својата идеја преку кратко видео од 60 секунди и да ја дополнат со едноставна презентација. 

Процесот е дизајниран да биде динамичен и достапен, оставајќи простор за креативност, иновативно размислување и различни пристапи – од маркетинг стратегии, до продукт идеи.

Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што дополнително ја отвора можноста за видливост и вклучување на пошироката јавност. 

Победничките тимови ќе освојат награди до 3.000 евра, но уште поважно – ќе добијат шанса нивната идеја да биде разгледана како дел од реални кампањи и развојни процеси.

„Веруваме дека најдобрите идеи доаѓаат кога ќе им се даде простор на младите да размислуваат слободно и храбро. Овој предизвик е покана тие да не ја чекаат иднината, туку сами да ја создадат“, вели Александар Петковски, Извршен Директор на „Iute Pay“.

Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, преку  активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.

Иницијативата има за цел да поттикне нова генерација на креативци, иноватори и идни финтек професионалци, кои ќе размислуваат практично, дигитално и со фокус на корисничко искуство. Воедно, претставува и чекор напред кон градење подлабока врска помеѓу индустријата и младите таленти, отворајќи простор за нивно активно учество во креирање на современи финансиски решенија.

Пријавувањето на тимови е отворено до 18. мај на платформата futurefinance.iute.mk.

Повеќе за отворениот повик, правилата, условите и целосниот бриф се достапни тука.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на бизнисите, над 227 милиони евра веќе пласирани

Објавено

на

Министерството за финансии информира дека нова транша од 176,6 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, е префрлена од централниот Буџет кон Развојната банка со цел поддршка на домашните компании.

Станува збор за втора транша во текот на оваа година, која преку Развојната банка се канализира кон комерцијалните банки, а потоа и до крајните корисници – компаниите. Со ова, вкупниот износ на средства пласирани во домашната економија достигнува 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.

Средствата се обезбедени преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка и се наменети за поддршка на приватните инвестиции. Целта е да се поттикне развојот на компаниите и да се забрза економскиот раст.

Кредитната поддршка се одобрува по поволни услови – со каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Средствата се пласираат преку деловните банки.

Според податоците, вкупниот буџет за оваа намена изнесува 250 милиони евра, додека вкупната вредност на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange