Connect with us

Кариера

Оглас за вработување Офис менаџер на Управен одбор во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на позицијата Офис менаџер на Управен одбор.

Опис на позицијата

Во потрага сме по организирана, професионална и дискретна личност за позицијата Офис менаџер на Бордот на извршни директори (Управен одбор), која ќе обезбеди целосна административна и логистичка поддршка на Управниот одбор, со акцент на ефикасна организација, доверливост и комуникација.

Клучни одговорности

  • Организирање и координација на состаноци на Управниот одбор (агенда, записници, логистичка поддршка)
  • Управување со календари и комуникација со членовите на Управниот одбор
  • Писмена и усна комуникација со извршниот менаџмент и надворешни заинтересирани страни
  • Архивирање и управување со доверливи документи и одлуки
  • Организација на службени патувања и протоколарни активности
  • Следење и евидентирање на спроведување на заклучоци и задачи од состаноци

Барани квалификации

  • Високо образование од економски или правен смер
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство на слична позиција
  • Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
  • Познавање на деловен англиски јазик – усмено и писмено (задолжително)
  • Организираност, дискреција, внимание на детали и способност за самостојна работа

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.

Кариера

Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на дигитални кориснички операции

Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.

Што ќе движиш?

  • Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
  • Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
  • Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
  • Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
  • Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
  • Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
  • Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
  • Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
  • Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование.

✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.

✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.

✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.

✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.

✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.

✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.

✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

  • Продажба на банкарски производи и услуги;
  • Промотивни активности на новите производи;
  • Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
  • Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
  • Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
  • Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
  • Следење на конкуренцијата;
  • Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
  • Вршење на благајнички работи, по потреба;
  • Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

  • Високо образование;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

NLB Lease&Go вработува Советник за продажба

Објавено

на

NLB Lease&Go отвори оглас за вработување на позицијата Советник за продажба и ги повика заинтересираните кандидати да станат дел од компанијата.

Од NLB Lease&Go наведуваат дека бараат комуникативна, амбициозна и мотивирана личност, која е подготвена за нови професионални предизвици и работа во нивниот тим.

„Станете дел од тимот на NLB Lease&Go“, порачуваат од компанијата, охрабрувајќи ги заинтересираните кандидати да аплицираат за отворената позиција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange