Connect with us
no baners

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange