Бизнис
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!
Со гордост објавуваме дека Флекс Кредит, еден од најбрзо растечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора. Овој важен чекор претставува продолжение на нашата долгорочна стратегија за интернационален развој и зацврстување на позицијата како лидер на пазарите каде што сме присутни.
Проширувањето во Црна Гора е дел од нашата визија за глобален раст и посветеност кон градење на стабилен, доверлив и модерен финансиски екосистем. Со секој нов пазар што го освојуваме, ние не само што носиме иновативни услуги за нашите клиенти, туку и отвораме нови можности за вработување, развој и придонес кон локалната заедница.
Денес, покрај во Македонија, Флекс Кредит со гордост е присутен во Бугарија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Мексико, а од сега и во Црна Гора – уште еден важен дел од нашата интернационална приказна за успех.
Нашата сила лежи во синергијата на локалното искуство и глобалната визија, со што обезбедуваме квалитетна и персонализирана услуга за клиентите во секоја земја.
Во темелот на нашето работење стои грижата за клиентите, вработените и заедницата. Веруваме дека долгорочниот успех се гради преку задоволни клиенти, мотивирани тимови, транспарентна комуникација, одговорни деловни практики и активна општествена одговорност.
Со новиот пазар, новите соработници и новите идеи, продолжуваме да ја градиме приказната на Флекс Кредит како стабилен, иновативен и општествено одговорен бренд кој остава позитивен отпечаток секаде каде што е присутен
Бизнис
Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука.
Од 00:01 часот на 5 август, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.
Бизнис
Мукаетов и Штериев ќе говорат за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишната конференција на Македонска берза
Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза.
На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.
Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, како и на нејзините идни развојни перспективи.
Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со искуствата поврзани со котацијата на компанијата и со факторите што влијаеле врз нејзиниот долгорочен успех.
Годишната конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.
Бизнис
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објави промена во менаџментот: Донесена одлука за отповикување член на Управниот одбор
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преку соопштение на Македонската берза извести за промена во составот на Управниот одбор на друштвото.
Согласно одлуката донесена од Надзорниот одбор на 24 јули 2026 година, г. Игор Доневски е отповикан од функцијата член на Управниот одбор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Одлуката е донесена во рамки на законската обврска за известување за промени во органите на управување и раководење, согласно Законот за хартии од вредност.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ е дел од финансиската групација ХАЛК, која преку своите активности на македонскиот пазар нуди услуги од областа на неживотно осигурување.
Фото: AI
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 4 неделиИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Криптовалутипред 2 месециБиткоинот се врати кон 64.000 долари, ликвидирани над 320 милиони долари во кратки позиции за само 15 минути
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

