Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка отвори нова модерна експозитура во ритеил паркот Набизи во Струга

Објавено

на

Комерцијална банка ја отвори својата најнова експозитура во новоизградениот ритеил парк Набизи во Струга, во која граѓаните и компаниите имаат пристап до широка палета банкарски производи и услуги.

Новата експозитура е уредена според највисоки стандарди на современото банкарство и располага со cash in банкомат и дигитален киоск, кои се достапни 24/7 за клиентите и овозможуваат готовински уплати и исплати, плаќање сметки за јавни услуги и подигнување извод од трансакциска сметка брзо, лесно и без чекање.

Шалтерите во експозитурата Набизи ритеил парк Струга се на располагање на клиентите од понеделник до петок, од 8 до 16 часот и нудат денарски и девизен платен промет, менувачко работење и Western Union, кредитирање физички лица и микрокредити за правни лица, банкарски картички, ПОС терминали и електронска трговија, одобрување дозволено пречекорување, осигурување и продажба на удели во КБ Инвест.

Со оваа инвестиција, Комерцијална банка го потврдува својот стратешки фокус на достапност, ефикасност и иновација, како и на континуирана посветеност на задоволството на клиентите.

Комерцијална банка ги поканува сите граѓани и претставници на бизнис секторот да ја посетат новата експозитура во ритеил паркот Набизи и да се уверат во придобивките од модерното банкарство со Банката.

no baners

Банки

Алта Банка започна со исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Алта Банка АД Битола ги информира своите клиенти дека исплатата на пензиите за февруари започна од 27 февруари 2026 година.

Средствата се веќе достапни на трансакциските сметки на пензионерите и можат да се подигнат во сите филијали на Банката, согласно вообичаената банкарска процедура.

Со оваа активност, Алта Банка обезбедува навремена, сигурна и ефикасна исплата на пензиите, со цел олеснет пристап до средствата за своите клиенти.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за февруари од денес (петок, 27 февруари).

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата веднаш, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Оваа мерка ја гарантира навремената и сигурна исплата на пензиите и ја олеснува пристапноста до средствата за сите корисници на услугите на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за февруари 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange