Connect with us
no baners

Останато

Донација од Стопанска банка за семејствата погодени од пожарот во Кочани

Објавено

на

Стопанска банка ги поддржува засегнатите од трагедијата во Кочани и продолжува посветено да обезбедува помош.

Веднаш по немилиот настан, Банката им помогна на медицинските центри кои ги прифатија настраданите, а неколку дена подоцна ѝ помогна на болницата во Кочани да опреми и отвори советувалиште кое на долг рок ќе работи со настраданите, семејствата и целата заедница.

Дополнително, Стопанска банка деновиве одобри износ од 250.000 евра кои почнувајќи од следната недела, ќе им бидат исплатени директно на сметките на повеќе од 200 засегнати семејства. Финансиската помош ја наменивме за семејствата кои се борат со огромната тага и се справуваат со последиците бидејќи препознаваме дека им е потребна максимална поддршка.

Грижејќи се за целокупната заедница, се обративме до локалната самоуправа на Кочани со предлог за дополнителна донација,изградба на детски вело-парк како нова содржина во градот. Донацијата на вело-паркот ќе произлезе од 9. издание на „Вози право, вози здраво“, со што нашиот децениски проект оваа година ќе добие и хуманитарен карактер.

Сакаме да ја изразиме нашата огромна благодарност до здравствените работници кои вложија натчовечки напори во помагањето на жртвите за време на трагичниот настан и ќе продолжат да бидат поддршка на процесот на заздравување што следи.

Исто така, благодарни сме им на нашите вработени од филијалата во Кочани и регионот за нивната посветеност кон заедницата и проактивниот пристап.

Останато

Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.

На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.

Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.

Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Останато

Лидерите на Г-7 се собираат во Франција: Украина, Иран и вештачката интелигенција во центарот на разговорите

Објавено

на

Во францускиот град Евијан-ле-Бен денеска започнува тридневниот Самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), на кој светските лидери ќе разговараат за низа безбедносни, економски и технолошки предизвици.

На состанокот учествуваат претставниците на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а меѓу главните теми се војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, глобалните економски текови и развојот на вештачката интелигенција.

Една од клучните цели на европските сојузници е да се одржи заедничкиот пристап кон поддршката за Украина. Се очекува лидерите да разменат ставови за понатамошната воена и финансиска помош за Киев, како и за можните дипломатски иницијативи поврзани со конфликтот со Русија.

На самитот е најавено учество и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе има средби со дел од лидерите на земјите членки.

Во фокусот ќе биде и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, кој според најавите треба да придонесе за намалување на тензиите во регионот. Лидерите ќе разговараат за неговите потенцијални последици врз безбедноста и енергетските пазари, како и за значењето на повторното отворање на Ормускиот Теснец за глобалната трговија.

Покрај политичките и безбедносните прашања, учесниците ќе дебатираат и за економските нерамнотежи во светот и за потребата од поголема координација во регулирањето и развојот на технологиите базирани на вештачка интелигенција.

На разговорите ќе се приклучат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесат кон дискусиите за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange