Connect with us
no baners

Банки

ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ ПРОДОЛЖУВА – Кредитите поевтинуваат, депозитите посигурни, каматите паѓаат

Објавено

на

Според најновите податоци на Народната банка, во март 2025 година е регистрирано натамошно намалување на просечните каматни стапки кај кредитите и депозитите, како резултат на условите на пазарот и монетарните движења.

Во март 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа
месечно и годишно намалување од 0,03 п.п. и 0,35 п.п., соодветно и изнесува 5,15%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен
пад од 0,01 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,38 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, изнесува 4,26% и оствари месечен и годишен пад од 0,37 п.п. и 0,72 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е пониска на месечно и на годишно ниво за 0,17 п.п. и 0,22 п.п., соодветно и изнесува 2,24%.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Вкупните кредити за корпоративниот сектор имаат просечна каматна стапка од 4,77%, што претставува месечен пад од 0,05 п.п. и годишен од 0,58 п.п.

Кај новоодобрените корпоративни кредити, просечната стапка е 3,95%, со значителен месечен пад од 0,50 п.п. и годишен од 0,78 п.п.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесуваат 2,65%, што е месечен пад од 0,06 п.п., но годишен раст од 0,53 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити е 2,14%, со пад од 0,35 п.п. месечно и 0,38 п.п. годишно.

Каматни стапки на домаќинствата

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,51%, со месечно намалување од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,14 п.п.

Кај новоодобрените кредити, стапката е 4,69%, со месечно намалување од 0,12 п.п. и годишно од 0,71 п.п.

Просечната стапка на вкупните депозити на домаќинствата остана непроменета на 2,12%, но со годишен раст од 0,36 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити е 2,28%, со месечен пад од 0,10 п.п. и годишен пад од 0,14 п.п.

Спуштањето на каматните стапки укажува на олеснет пристап до финансирање за сите сектори, со потенцијал да поттикне кредитна активност и економска динамика. Истовремено, растот на депозитните стапки на годишно ниво создава дополнителни мотиви за штедење, особено кај домаќинствата.

Банки

Благоја Устијаноски именуван за нов член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје соопшти дека Благоја Устијаноски официјално ја презел функцијата член на Управниот одбор на Банката.

Со неговото назначување, Управниот одбор ќе работи во проширен состав од пет члена, со цел дополнително зајакнување на капацитетите за спроведување на стратешките приоритети и понатамошен развој на институцијата.

Во рамки на новата функција, Устијаноски ќе биде одговорен за работењето на Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари.

Тој има повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор. Кариерата ја градел во Охридска Банка АД Скопје, членка на групацијата Société Générale, а по интеграцијата со Шпаркасе Банка во 2021 година ја извршува функцијата директор на Секторот за корпоративни клиенти.

Од Банката посочуваат дека во изминатите години дал значаен придонес во растот на корпоративното портфолио, развојот на односите со клиентите и зајакнувањето на пазарната позиција на Шпаркасе Банка.

„Ова назначување е уште една потврда на нашата посветеност кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови. Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за понатамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката“, соопштија од Шпаркасе Банка.

Од институцијата му посакаа успех на Устијаноски во новата улога.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и Mastercard со наградна игра: Главна награда еден милион денари

Објавено

на

Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари.

Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 денари.

Дополнителна можност за добивка имаат корисниците кои плаќаат преку дигиталните сервиси Google Pay и Apple Pay, бидејќи на тој начин добиваат двојна шанса за учество во наградната игра.

Кампањата се реализира во соработка со Mastercard, а од Стопанска банка ги повикуваат клиентите да ги користат своите картички при секојдневните плаќања и да ја искористат можноста за освојување вредни парични награди.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги награди младите љубители на книгата со штедни книшки „Верверичка“

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат.

Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со подарок депозит од по 10.000 денари, второ наградените по 6.000 денари, а третонаградените по 4.000 денари. Наградата штедна книшка „Верверичка“ има посебна симболика бидејќи е прв чекор и кон развивање здрави финансиски навики.

Со оваа поддршка, Комерцијална банка го наградува нивниот труд и успех, но и активно придонесува за развој на квалитетно образование, критичко размислување и љубов кон пишаниот збор.

„Веруваме дека книгата има моќ да ги насочи децата кон знаење, љубопитност и размислување, наместо кон прекумерна изложеност на социјалните мрежи. Остануваме посветен партнер на иницијативите што ги инспирираат младите да учат и да создаваат и продолжуваме да инвестираме во нивната иднина“, истакнуваат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange